СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека во Апелациониот суд Скопје примен е предметот „Титаник 2“ на ден 07.03.2023 година, заведен е под КОКЖ-43/23 и согласно одредбите на Законот за кривична постапка доставен е на мислење во Вишо јавно обвинителство Скопје на ден 08.03.2023 година.
Исто така, примен е предметот на Основниот кривичен суд Скопје К-349/23 оформен против обвинетиот Ж.М. од С. поради основано сомнение за сторено продолжено кривично дело Измама од член 247 на Кривичниот законик и заведен под КЖ-208/23. Предметот согласно одредбите на Законот за кривична постапка е доставен на мислење во Вишо јавно обвинителство Скопје на ден 09.03.2023 година.
Апелационен суд Скопје