СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  11.3.2019

АПЕЛАЦИОНЕН СУД СКОПЈЕ
11.03.2019 година
Скопје        

 

    Апелациониот суд Скопје известува дека, постапувајќи по кривичниот предмет  КЖ-1026/18, во јавноста познат како „Труст“ , по одржана јавна седница,  донесе пресуда со која жалбите на обвинетите С. К. од С. и В. А. од С., делумно ги уважи на начин што ја преиначи првостепената одлука во делот на казната и обвинетиот С. К. го осуди на казна затвор во траење од 4 (четири) години и осум (осум) месеци, а на обвинетиот В. А. му е изречена алтернативна мерка условна осуда, така што му се утврдува казна затвор во траење од 2 (две) години и истовремено се определува дека утврдената казна затвор нема да се изврши доколку обвинетиот за време од 5 (пет) години по правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело.

            Апелациониот суд Скопје во останатиот дел првостепената пресуда во целост ја потврди.

            Вака донесената одлука ќе биде објавена во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите.

 

                                                                                                Апелационен суд Скопје

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_