СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Новости, Соопштенија за јавност  |  15.3.2023

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

во врска со кривичниот предмет во јавноста познат како „Титаник 2“

          Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека  Основниот кривичен суд Скопје, предметот  во јавноста познат како „Титаник 2“ го достави на постапување и одлучување во Апелациониот суд Скопје на ден 07.03.2023 година, пред истекот на законските рокови за преземање на дејствија пред првостепениот суд.

          Последната достава на првостепената пресуда е со прием од обвинет на 02.03.2023 година, што значи рокот за поднесување жалба отпочнал да тече на 03.03.2023 година и рокот во кој обвинетиот може да го искористи правото на жалба истекува на 17.03.2023 година.

          Согласно одредбата од член 420 став 2 од Законот за кривична постапка е предвидено дека жалбата и одговорот на жалбата со сите списи, првостепениот суд во рок од три дена од приемот на одговорот на жалбата, односно по истекот на рокот за поднесување одговор на жалбата, ќе ги достави до второстепениот суд.

          Првостепениот суд не го сочекал рокот од 15 дена за евентуално изјавена жалба и пред истекот на тој рок го доставил предметот со списите на постапување и одлучување во Апелациониот суд Скопје.

          Од наведените причини, предметот административно е вратен на првостепниот суд истиот да постапи и по истекот на законските рокови за изјавување на жалба, односно одговор на жалба предметот со сите списи да се достави до Апелациониот суд Скопје на одлучување во  жалбена постапка.

 

                                                                                                                Апелационен суд Скопје

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_