За судиите
За судиите
ДОСЕГАШНИ ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА ОВОЈ СУД
Во периодот од 1954 година па до сега претседатели на овој суд биле:
-
Боро Доганџиски
-
Тошо Смилевски
-
Тодор Анастасов
-
Димитар Стојчев
-
Блажо Петковски
-
Михајло Маневски
-
Генко Андоновски
-
Ленче Софрониевска
-
Филимена Маневска
-
Ведат Вели
-
Јордан Митриновски
-
Љупка Арсениевска
-
Љиљана Ивановска Шопова
-
Лидија Димчевска
Претседател
CV на Претседател
Судија Мери Дика Георгиевска
Образование:
Дипломирала на Правниот факултет во Скопје на 16.09.1985 година.
Завршила Магистерски студии по правни науки на Универзитетот Американ Колеџ Скопје на 09.10.2014 година.
Правосуден испит положила во Скопје на 18.02.1987 година.
Работно искуство:
Од 01.11.1985 до 31.12.1986 година работела како Адвокатски приправник кај Адвокат Ристо Дика на стопанска материја.
Од 01.01.1987 до 05.05.1989 година работела како Адвокатски стручен соработник кај Адвокат Ристо Дика на стопанска материја.
Од 06.05.1989 до 30.06.1996 година работела како Адвокат во сопствена канцеларија на сите материи.
Од 01.07.1996 до 17.05.2005 година работела како судија во Основен суд Скопје II Скопје на стопанска материја.
Од 18.05.2005 до 18.12.2012 година работела како судија во Апелационен суд Скопје на стопанска материја.
Од 18.12.2012 до 18.12.2018 година е член на Судски Совет на РМ.
Од 18.12.2018 година е Судија на Апелационен суд Скопје на стопанска материја.
Првпат била избрана за судија во Основен суд Скопје II Скопје на 01.07.1996 година со одлука за избор бр.08-2433/1 (Сл.в. на РМ 34/96).
На 18.05.2005 година избрана е за судија во Апелационен суд Скопје, каде постапува по стопански спорови и сега е претседател на трговскио оддел.
Во Основен суд Скопје II Скопје и Апелационен суд Скопје била претседател на Стопанските оддели.
На ден 03.02.2023 година со одлука на Судски совет се определува за вршител на должност Претседател на Апелационен суд Скопје.
Објавени трудови и активности:
Има учествувано на повеќе семинари во земјата и во странство и има учествувано во работни групи за изработка на закони.
Активно се служи со Англиски јазик.
Има познавање од областа на работа со компјутери.
Судиите
Судија Гордана Сајковска
Судија Гордана Сајковска

Образование:
Дипломирала на Правниот факултет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на 23.5.1986 г.
Правосуден испит положила на 23.5.1988 г.
Работно искуство:
На 1.3.1987 г. се вработила како стручен соработник-приправник во тогашниот Основен суд на здружен труд Скопје.
По положување на правосудниот испит на 23.5.1988 г., продолжила да работи како стручен соработник во тогашниот Основен суд на здружен труд Скопје, а од 1.1.1992 г. до 30.6.1996 г. работела како стручен соработник во тогашниот Општински суд Скопје II Скопје.
Првпат е избрана за судија во Основниот суд Скопје I Скопје на 12.6.1997 г. каде била распоредена во кривичен оддел.
Во периодот од 1999-2003 година и од 2006-2009 година била претседател на Кривичен совет.
На 25.06.2009 година со одлука за избор бр. 07-1492/1 е избрана за судија во Апелациониот суд Скопје каде што постапувала по предмети во одделот за работни спорови и кривични предмети, а сега по прекршочни предмети кадешто е и претседател на совет.
Објавени трудови и активности:
Учествувала на повеќе семинари од областа на кривичната материја и тоа: „Право на Европска унија“ во соработка со проектот CARDS, повреда на конкуренција во соработка со Твининг проектот на Европската комисија, конкурентско право и политика, „Вовед во правото на Европската заедница и судскиот систем на Европската унија“, активно учество во работната група формирана за компјутеризација на судството, „Судска соработка во кривичната област“ во рамките на Проектот за техничка помош „Унапредување на европската интеграција од балканска перспектива“, работилница за трговија со луѓе организирана од Министерството за правда на САД, „Менаџмент на случаи и можности за користење на институтите договарање - медијација во работата на јавните обвинители и судиите“, организирано од Министерството за правда на САД, кривично правен прогон на трговија со луѓе организиран од IOM Мисијата во Скопје, меѓународен семинар против пиратството во Македонскиот етер - Примена на Законот за авторското право и сродните права во радиодифузните активности - наши и европски искуства.
Судија Татјана Дуковска
Судија Татјана Дуковска

Образование:
Дипломирала на Правен факултет во Скопје на 31.3.1987 г.
Правосуден испит положила во Скопје на 10.12.1991 г.
Работно искуство:
На 1.8.1989 г. се вработила како приправник во Општински суд Скопје II – Скопје, каде подоцна била и стручен соработник на граѓанска и кривична материја.
Од 1.7.1996 г. работела како стручен соработник во Основен суд Скопје II – Скопје на граѓанска и кривична материја.
Од 5.6.2000 г. работела како стручен соработник и самостоен судки советник на Кривичен совет во Апелационен суд Скопје.
Првпат била избрана за судија во Основен суд Скопје I - Скопје на 15.2.2005 г. каде постапувала по предмети во кривичен оддел и била член на Кривичен совет.
На 17.2.2010 г. со одлука за избор 07-317/1 (Сл.в. на РМ бр.25 од 19.2.2010) е избрана за судија во Апелационен суд Скопје, каде постапувала по работни спорови, а сега постапува по кривични предмети и е претседател на кривичниот оддел.
Судијата е одговорно лице за односи со јавноста за прашања во врска со предмети од кривична област.
Објавени трудови и активности:
Има учествувано на повеќе семинари и тоа:
- Јануари 2007 година - учество на семинар на тема: „Меѓународна соработка во кривични предмети и улогата на SECI/SEEPAG, EUROJJUST, Европската судска мрежа, Европол и Интерпол.
- Јули 2007 година - учество на семинар на тема „Раководење со предмети“.
- Септември 2007 година - учество на семинар на тема „Право на Европска Унија“.
- Октомври 2007 година - учество на семинар на тема „Психолошки аспекти на испитување на сведоците и другите учесници„
- Ноември 2007 година - „Кривични дела против службената должност“.
- Декември 2007 година - учество на семинар на тема „Трговија со луѓе и криумчарење на мигранти - анализа на судска пракса“
- Декември 2007 година - учество на семинар на тема „Притвор, правни основи и постапка, другите превентивни мерки“
- Фебруари 2008 година – учество на семинар „Постапување по барање за спроведување истрага, раководење со главен претрес “
- Мај 2008 година – учество на семинар на тема „Притвор и други превентивни мерки“
- Септември 2008 година – учество на семинар на тема „Притвор пред судење“
- Октомври 2008 година – учество на семинар „ Трговија со дрога“,
- Октомври 2008 година - учество на семинар „Процес на одлучување, фактички и правен идентитет на обвинение и пресуда/ видови одлуки“
- Ноември 2008 година - учество на семинар „Сексуална злоупотреба на деца и нивна кривичноправна заштита“
- Март 2009 година - учество на семинар на тема „Професионална етика на судиите и јавните обвинители“
- Јуни 2009 година - учество на семинар на тема „Спречување на корупцијата -Судир на интереси –препознавање и надминување“
- Септември 2009 година - учество на семинар на тема „Заштита на правата на потрошувачите“
- Мај 2009 година - учество на семинар на тема „Взаемна помош во кривичната област
- Ноември 2009 година – учество на семинар на тема „Причини за укинување на првостепени одлуки“
- Од1992-2005 учество на семинари од разни области
Судија Роза Георгиева
Судија Роза Георгиева

Образование:
Дипломирала на Правен факултет во Скопје на 28.11.1985 г.
Правосуден испит положила во Скопје на 25.6.1987 г.
Работно искуство:
Од 2.3.1987 г. работела како стручен соработник во Општински суд Скопје I Скопје на граѓанска и кривична материја.
Од 1.10.1990 г. работела како стручен соработник во Врховен суд на Република Македонија на граѓанска, кривична и управна материја.
Од 2004 г. работела како државен советник во Врховен суд на Република Македонија на кривична материја.
На 17.2.2010 г. со одлука за избор 07-317/1 (Сл.в. на РМ бр.25 од 19.2.2010) е избрана за судија во Апелациониот суд Скопје, каде постапувала по предмети во граѓански оддел, а сега постапува по предмети од трговски оддел.
Објавени трудови и активности:
Има учестувано на повеќе семинари од областа на кривичната материја и судење во разумен рок.
Со одлука на Собрание на РМ 07-4763/1 од 16.11.2009 г. избрана е за член на Државниот совет за превенција на малолетничко престапништво.
Судија Афрдита Шеху Асани
Судија Афрдита Шеху Асани

Образование:
Дипломирала на Правен факултет во Скопје на 15.2.1991 г.
Правосуден испит положила во Скопје на 12.7.1994 г.
Работно искуство:
На 22.10.1985 г. започнала да работи како приправник во адвокатска канцеларија Колевски Васил.
На 1.2.1995 г. се вработила како стручен соработник тогашниот Окружен суд Скопје, а од 1.7.1996 г. работела како стручен соработник во Апелационен суд Скопје.
Првпат била избрана за судија во Основен суд Скопје II Скопје на 12.7.2002 г. каде постапувала по предмети од извршна постапка, парнична постапка и работни односи.
На 13.09.2010 г. со одлука за избор 07-1450/1 (Сл.в. на РМ 122/10 од 17.9.2010 г.) избрана е за судија во Апелационен суд Скопје, каде постапувала по предмети од работни односи, а сега постапува по граѓански предмети.
Објавени трудови и активности:
Има учествувано на повеќе семинари организирани од страна на Академијата за обука на судии и јавни обвинители на Република Македонија и од страна на USAID.
Судија м-р Букурије Ајдини
Судија м-р Букурије Ајдини

Образование:
Дипломирала на Правен факултет во Скопје на 20.3.1997 г.
Правосуден испит положила во Скопје на 15.12.2000 г.
Стручен испит - уверение за положени испити за усовршување и надградување, Педагошки факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје од 12.10.2004 г.
На 26.04.2016 г. се стекнува со звање магистер по правни науки.
Работно искуство:
Од 12.11.1997 г. до 20.3.2000 г. работела како приправник во Основно јавно обвинителство Скопје.
На 3.5.2000 г. се вработила како раководител на Сектор за општи и правни работи во ЈП за стопанисување со пасишта на РМ.
Од 27.11.2003 г. работела како професор по правни работи во Државно средно училиште за економија и биротехника „Арсени Јовков“ Скопје. Од 24.10.2005 г. била член на државната матурска предметна комисија при Биро за развој на образованието, а на 14.3.2006 г. била училишен тестатор за пилот државна матура.
Од 10.5.2006 г. била државен службеник во Генералниот секретаријат на Влада на РМ, со звање – советник за општи и правни работи во Секторот за општи и правни работи.
Од 12.7.2006 г. работела како советник за судови, јавно обвинителство и други правосудни органи и како советник за нормативна дејност во граѓанската материја во Сектор за правосудство при Министерство за правда.
Од 14.7.2008 г. била помошник раководител на сектор во Секторот за правосудство при Министерство за правда.
Од 6.2.2007 г. била член на Комисијата за решавање во управна постапка во втор степен од областа на денационализација при Влада на РМ;
Од 26.6.2008 г. била заменик член во Комисијата за квалификација и прием на кандидати во Академијата за обука на судии и јавни обвинители;
Од 3.2.2009 г. била член на Управниот одбор на Академијата за обука на судии и јавни обвинители;
Од 20.7.2007 г. била член на Работна група при Министерство за правда за подготовки на измени и дополнувања на Законот за лични податоци;
Од 27.11.2007 г. била член на Работна група при Министерство за правда за изготвување на ЗКП во делот на забрзување на казнената постапка;
Од 22.12.2008 г. била претседател на Работната група при Министерство за правда за изготвување на Закон за измени и дополнувања на Законот за прекршоци;
Од 4.2.2009 г. била член на Работна група при Министерство за правда за изготвување на Акционен план за имплементација на ЗКП.
На 13.09.2010 г. со одлука за избор 07-1450/1 (Сл.в. на РМ 122/10 од 17.9.2010 г.) избрана е за судија во Апелационен суд Скопје, каде постапува по предмети од работни односи и е претседател на совет.
Објавени трудови и активности:
Учество во континуирани активности во Министерство за правда:
- Тековни секторски активности – раководење со Сектор за правосудство;
- Активно учество во усогласувањето на материјалните закони и подзаконските акти со Законот за прекршоците;
- Изготување на Закон за платите на јавните обвинители;
- Изготвување на Закон за платите на членовите на Советот на јавните обвинители на РМ;
- Активно учество во изготвување на Закон за платите на членовите на Судскиот совет на РМ;
- Активно учество во изготвување на Законот за изменување и дополнување на Законот за платите на судиите;
- Активно учество во изготвување на Предлог Законот за дејност вештачење;
- Учество во изготвување на Предлог Законот за Академија за судии и јавни обвинители;
- Учество во изготвување на Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкции;
- Учество во изготвување на Законот за изменување и дополнување на Законот за управните спорови;
- Изготвување на подзаконски акти од Законот за прекршоците;
- Изготвување на подзаконски акти од Законот за јавното обвинителство;
- Учество во Советот за реформа на правосудството и организирање на Советот за реформа на правосудството – 2009 година;
- Преставник на Министерството за правда – член на работната група за НПАА – Индустриска сопственост и авторски права;
- Преставник на Министерството за правда во многубројни работилници и семинари поврзани со процесот за реформа на правосудството, организирани од страна на Здружението на јавните обвинители во РМ и Здружението на судиите во РМ, ОПДАТ, СОРОС;
- Активно учество – Стратегија за реформа на правосудството и Стратегија за реформа на казненото право;
- Активно учество во изготвување на закони, подзаконски акти, информации, анализи и др.
Стекнати сертификати и признанија од учество во обуки и семинари
- Август 2006 – Сертификат за успешно завршена обука за интегрирање на информатички знаења и вештини во настава;
- Октомври 2006 - Сертификат за успешно учество во работилница „Современи методи на форензички анализи во криминални случаи“ за зајакнување на правото и службеници во кривично право;
- Февруари 2007 - Сертификат за учество на семинарот на тема „Меѓународното јавно право“ во соработка со Проектот CARDS 2004, Техничка помош за подршка на воспоставувањето на Институт за обука на правосудството;
- Февруари 2007 - Сертификат за учество на семинарот за меѓународно право, на проект финансиран од Европската Унија и раководен од Европската агенција за реконструкција во соработка со Академијата за обука на судии и јавни обвинители и нивни заменици;
- Февруари 2007 - Сертификат за учество на семинарот на тема „Правото на Европска унија“ на Академија за обука на судии и јавни обинители и нивни заменици на РМ во соработка со Проектот CARDS 2004 – „Техничка помош за подршка на воспоставувањето на Институт за обука на правосудството“;
- Февруари 2007 - Сертификат за учество на семинарот за право на Европската унија, на проект финансиран од Европската унија и раководел од Европската агенција за реконструкција во соработка со Академија за обука на судии и јавни обинители и нивни заменици;
- Мај 2008 – Сертификат за Презентациски вештини , USAID, Сертификат за имплементација на Прирачникот за номотехнички правила, 2008, од Секретаријат за законодавство во соработка со GTZ;
- Јули 2013 - Сертификат за познавање на француски јазик DELF - A2;
- Февруари 2017 - Сертификат за познавање на англиски јазик BULATS - B1 од British Council;
- Свидетелства за познавање на англискиот јазик;
- Сертификат за информатички знаења;
Учество на семинари, конференции, тркалезни мси и работилници
- 9.11.2006 г. – Работилница „Креирање на политиките и подготовка на закони во министерствата и другите органи на државната управа“, Влада на РМ – Генерален секретаријат и НОРМАК;
- 19-20.2.2007 г. – Семинар „Меѓународно право“, Академија за обука на судии и јавни обвинители;
- 26-28.2.2007 г. – Семинар „Правото на Европската унија“, Академија за обука на судии и јавни обвинители;
- 13.6.2007 г. – Работилница „Проблеми во примената на специјалните истражни мерки“, Министерство за правда, Здружение за кривично право и криминологија, OSCE, OPDAT;
- 14-15.6.2007 г. – Обука „Креирање политики во Владата на РМ, Влада на РМ – Генерален секретаријат и НОРМАК;
- 29.11.2007 г. – Тркалезна маса „Улогата на јавниот обвинител во текот на истрагата“ – Здружение на јавните обвинители на РМ и OSCE;
- 11.12.2007 г. – Работилница „Нов режим на конфискацијата“, Министерство за правда, Здружение за кривично право и криминологија, OSCE, OPDAT;
- 13-14.11.2008 г. – Конференција „Новини во кривично-правниот систем на РМ“Академија за обука на судии и јавни обвинители, Здружение за кривично право и криминологија, Здружение на јавни обвинители на РМ, OPDAT;
- 10-11.06.2008 г. – Работилница „Новата претходна постапка, посебните истражни мерки и заштите на личните податоци“, Министерство за правда, Здружение за кривично право и криминологија OSCE, OPDAT, SOROS;
- 1-2.7.2008 г. – Работилница „Контрола на обвинението, преуредување на главниот претрес и одмерување на казните во законските рамки“, Министерство за правда, Здружение за кривично право и криминологија OSCE, OPDAT, SOROS;
- 3.6.2009 г. – Работилница „Имплементација на Законот за општа управна постапка“, Министерство за правда, Државен управен инспекторат, СИГМА;
- 2008-2009 г. – Преставник на Министерството за правда во обуки „Програма за спроведување на обуки за членовите на Комисиите за прекршоци 2008/09, Министерство за правда, Академија за обука на судии и јавни обинители и нивни заменици, проектот Светска банка;
- 30-31.10.2009 г. – Национална конференција – „Прекршочни постапки пред прекршочен орган“, Министерство за правда, Академија за обука на судии и јавни обинители и нивни заменици, проектот Светска банка;
- 4.-5.12.2009 г. – Регионална конференција „Практична примена на Законот за прекршоците и регионалните искуства“ – воведни напомени, Министерство за правда, Академија за обука на судии и јавни обинители и нивни заменици, проектот Светска банка;
- 10.2.2010 г. – Стручна расправа „Управно законодавство и управно судство“ Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, Министерство за правда, излагање за Законот за прекршоците.
Судија Суад Алиу
Судија Суад Алиу

Образование:
Дипломирал на Правен факултет, Универзитет “Св.Кирил и Методиј“ Скопје во 2003 година.
Правосуден испит положил во Скопје на 25.4.2005 година.
Работно искуство:
Во текот на 2002 година работел како волонтер-приправник во адвокатска канцеларија на Снежана Калевска, адвокат од Скопје.
Во 2003 година бил волонтер во Основниот суд Тетово.
Истата година, во период од 8 месеци бил ангажиран како правник во невладината организација Центар за демократски развој и работел на повеќе проекти: „Сите за правично судење (набљудување на судења)“, „Правна помош за повратниците, внатрешно раселените лица, лицата без државјанство и лицата кои живеат подолго време во РМ но немаат државјанство на РМ“.
На ден 5.2.2004 година се вработил во Министерство за правда, подрачна единица Тетово како помлад соработник за избори во Секторот за државна управа, изборен систем и управни надлежности.
Од 11.11.2005 година работел како стручен соработник во Основниот суд во Тетово и тоа прво во кривичниот оддел, потоа во истражното одделение и во граѓанскиот оддел.
Првпат бил избран за судија во Основниот суд во Тетово на 26.08.2008 година каде постапувал по граѓански предмети.
На 30.03.2011 година со одлука за избор 07-588/1 (Сл.в. на РМ бр.42/11 од 4.4.2011 година) е избран за судија во Апелациониот суд Скопје, каде постапува по предмети во граѓанскиот оддел.
Објавени трудови и активности:
Посетувал бројни семинари и професионални обуки.
Судија Влатко Самарџиски
Судија Влатко Самарџиски

Образование:
Дипломирал на УКИМ, Правен факултет Скопје на 17.12.1986 година.
Правосуден испит положил на 20.06.1991 година.
Работно искуство:
Од 01.09.1989 до 19.03.2004 година стручен соработник во Основен суд на зружен труд, Окружен стопански суд, Основен суд Скопје I Скопје, Апелационен суд Скопје и Врховен суд на РМ.
Од 19.03.2004 до 31.03.2007 година - Судија во Основен суд Скопје I Скопје.
Од 01.04.2007 до 29.11.2011 година - Судија во Основен суд Скопје II Скопје.
Од 30.11.2011 до 17.12.2012 година - Судија во Апелационен суд Скопје.
Од 18.12.2012 до 18.12.2018 година - Член на Судскиот совет на РМ.
Од 19.12.2018 година - Судија во Апелационен суд Скопје, распореден на прекршочна материја.
Судија Ќенанзија Мехмед
Судија Ќенанзија Мехмед

Образование:
Дипломирал на Правниот факултет во Скопје на 7.12.1988 г.
Правосуден испит положил во Скопје на 11.6.1997 г.
Работно искуство:
Од 19.6.1997 г. до 10.5.1998 г. бил вработен во П.С.У.Т. „ЕМИК“ Кичево.
Од 11.5.1998 г. до 17.3.2008 г. бил адвокат во Кичево.
Од 18.3.2008 г. до јули 2012 г. работел во ДОО „АМД“ Кичево.
Со одлука на Судскиот Совет на Република Македонија бр.07-1153/1 од 12.7.2012 година избран е за судија на Апелационен суд Скопје каде постапувал по предмети од работни спорови а сега постапува по граѓански предмети.
Судија Зоран Димитриевски
Судија Зоран Димитриевски

Образование:
Дипломирал на Правниот факултет при Универзитет Св.Кирил и Методиј во Скопје на 27.12.1995 г.
Правосуден испит положил во Скопје на 10.12.1999 г.
Работно искуство:
Од 08.04.1999 година до 30.05.2000 година – судски приправник во Основен суд Скопје I Скопје
Од 01.06.2000 година до 27.01.2003 година – стручен соработник во судот
Од 02/2003 до 25.10.2005 година – самостоен судски советник во судот
За судија во Основен суд Скопје I Скопје е избран на 26.10.2005 г.
Од 26.10.2005 година до 10.02.2006 година – судија во Основен суд Скопје I Скопје – Одделение за работни спорови
Од 11.02.2006 година до јули/2009 година – судија во кривичниот оддел за полнолетни лица на Основен суд Скопје I Скопје, август/2009 година до 11.07 2012 година – судија во Одделението за организиран криминал на Основен суд Скопје I Скопје
Со одлука на Судскиот Совет на Република Македонија бр.07-1153/1 од 12.7.2012 година избран е за судија на Апелационен суд Скопје.
Од 12.07.2012 година до 31.12.2013 година – судија во Апелационен суд Скопје, граѓански оддел, а од 01.01.2014 година до денес – судија во кривичниот оддел во Апелациониот суд Скопје и претседател на КЖ-совет;
Објавени трудови и активности:
Тренинзи и посета на едукативни семинари/работилници и друго
Октомври 2006 година, Пржно, Црна Гора, учество на Меѓународна конференција на тема - Заштита на сведоци;
Мај 2007 година, Хаг, Холандија, учество на меѓународна едукација, тема – Меѓународно хуманитарно право;
Јуни 2007 година, Совата, Романија, учество на меѓународна едукација, Летна школа за судии и јавни обвинители на тема – Меѓународни стандарди и соработка во борбата против коруппцијата;
Септември 2007 година, Стразбур, Франција, учество на меѓународен семинар на тема – Заштита на податоци во кривичната постапка;
Јуни 2008 година, Котор, Црна Гора, учество на меѓународна едукација, Летна школа за судии и јавни обвинители на тема - Меѓународни стандарди и соработка во борбата против корупцијата;
Декември 2008 година, Бостон и Њујорк, САД, студиска посета, тема – Акузаторен принцип, фер судење и еднаквост на оружјето;
Февруари 2009 година, учество на семинар на тема – Меѓународно и европско право-извори на правото и нивна примена во внатрешниот правен поредок, институционална поставеност на ООН, Советот на Европа и ЕУ, постапка пред меѓународните и европските судови;
Март 2009 година, Стразбур, Франција, учество на трета годишна Конференција на тема соработка во борба против компјутерскиот криминал;
Април 2009 година, Охрид, учество во својство на презентер на конференција III на тема – Предизвиците во имплементирањето на новините во кривично-правниот систем на Република Македонија;
Септември 2009 година, учество на семинар на тема – Посебни истражни мерки;
Мај 2010 година, Загреб, Р.Хрватска, студиска посета, тема – размена на искуства и најдобра пракса во примена на Законот за кривичната постапка и учество на деветтата работилница во тренинг центарот во Валбандон на тема „Стручно усовршување за примена на новиот Закон за кривична постапка“;
Октомври 2010 година, Наполи, Италија, учество во програма за размена на судии и јавни обвинители, ЕЈТН;
Декември 2010 година, Обука за обучувачи за вкрстено испрашување и спогодба за вина;
Јануари 2012 година, учество на обука за обучувачи за вештини за судско застапување, НИТА програма;
Март 2012 година, Подгорица, Црна Гора, учество на меѓународен семинар на тема – Соработка во кривичната правда – заштита на сведоци во борбата против сериозниот криминал и тероризмот;
Јуни 2012 година, Сплит Р.Хрватска, учество на регионална средба, заштита на загрозени сведоци, соработници на правдата и ранливи категории на сведоци, проект WINPRO;
Мај 2012 година, учество на тркалезна маса на тема – Судската пракса во врска со кривичните дела против честа и угледот – осврт на праксата на ЕСЧП во поглед на примена на член 10 од ЕКЧП;
Октомври 2012 година, учество на втора работилница во својство на предавач на тема – Предизвикот на институтот спогодување за вината согласно новиот Закон за кривичната постапка;
Ноември 2012 година, учество на изолациона сесија за подготовка на материјали за спроведување на специјализираните обука за новиот ЗКП;
Декември 2012 година, Прага, Чешка Република, учество на меѓународна работилница, тема – Судска независност и одговорност во вршење на судската служба;
Јануари 2013 година,учество на семинар во својство на предавач на тема – спогодување за вина согласно новиот ЗКП;
Јуни 2013 година, Сараево, БИХ, студиска посета, тема – Главна расправа со акцент на директно и вкрстено испитување;
Октомври 2013 година, учество на меѓународна конференција во Бар, Црна Гора, тема – Процедурални и непроцедурални мерки за заштита на загрозени сведоци, соработници на правдата и ранливи категории на сведоци, WINPRO II проект;
Ноември 2013 година, Прага, Р.Чешка, учество на меѓународна работилница на тема – Развој и унапредување на судската независност;
Ноември 2015 година, Загреб, Р.Хрватска – учество на петтата регионална средба – завршна конференција ИПА 2012 WINPRO II Проект;
Февруари 2016 година, Прага, Р.Чешка – учество на меѓународен семинар на тема - Антитероризам;
Март 2017 година, Прага, Р.Чешка - учество на меѓународна работилница и презентација на тема - Судски пресуди во случаите поврзани со тероризам во регионот на Западен Балкан;
Април 2017 година, учество на семинар на тема - Унифицирање на судската пракса во Република Македонија;
31.05. – 02.06 2017 година, Загреб, Р.Хрватска - учество на меѓународен семинар на тема – Јакнење на казненоправните институциии и владење на правото во средна и источна Европа – Европски директиви и најдобра пракса во заштита на човековите права и овозможување помош на жртвите;
Септември 2017 година, учество на семинар на тема – Правни аспекти за борба против тероризам;
Септември 2017 година, Обука на обучувачи за членот 3 од ЕКЧП;
Октомври 2017 година, Скопје, учество на стручно советување во својство на презентер на тема - Двојба во корист на обвинетиот, виновен надвор од разумно сомневање;
Октомври 2017 година– учество на стручен собир и советување во својство на предавач, тема – член 3 од ЕКЧП;
Ноември 2017 година, Охрид – учество на меѓународна судска работилница, тема - Зајакнување на судската независност и транспарентност преку ревизија на судската одговорност;
Ноември 2017 година, Стразбур, Франција, учество на меѓународна едукација, тема - Зајакнување на капацитетите на судството за заштита на човековите права и борба против нечовечко и понижувачко постапување и против неказнивоста;
27.11. – 15.12.2017 година, Вашингтон, Рино, Колорадо Спрингс, Синсинати и Њурорк, САД, студиска посета, тема - Владеење на правото во САД;
Октомври 2018 година, Барселона, Шпанија, учество на меѓународна едукација, Школа за ментори, обука за ментори и предавачи;
Јануари 2019 година, учество на стручен собир во својство на предавач – одлуки на апелационите судови во кривичната постапка – размена на искуства;
Март 2019 година, учество на семинар на тема – Перење пари – анализа на судски пресуди;
Април 2019 година, учество на семинар на тема – Кривични дела против здравјето на луѓето со акцент на лекарска грешка /несовесно лекување болни;
Мај 2019 година, учество на семинар на тема – Кривични дела против правниот сообраќај со акцент на факсификување на исправи;
Јуни 2019, учество на едукација на тема – Член 5 од ЕКЧП – право на слобода и безбедност;
Октомври 2019 година, учество на стручен собир и советување во својство на предавач, тема- Жалбена постапка;
Октомври 2019 година, учество на семинар на тема – Новините во Кривичниот законик во однос на неказнувањето на жртви на трговијата со луѓе;
Учество во подготовка на закони и други прописи
2008-2010 година – учество во работна група за изготвување на Закон за кривичната постапка;
2009 година - учество во работна група за изготвување на Закон за управување со судски предмети;
2010 година - учество во работната група за изготување Акционен план за имплементација на Законот за кривичната постапка;
2013 - 2021 година – учество во работна група за изменување и дополнување на Законот за кривичната постапка;
2013 година – учество во работна група за изготување Упатство за утврдување на начинот на одмерување на казните во кривичните предмети при имплементација на новиот ЗКП;
Септември 2013 година – учество во работна група за имплементација на новиот ЗКП во АКМИС програмата;
Септември 2013 година – учество во работното тело за стандардизација на АКМИС;
Февруари - Март 2014 година – подготовка на практична имплементација на Законот за изменување на Кривичниот законик – изготвување на Правилник за одмерување на казни;
2019-2021 година, учество во работна група за изменување и дополнување на Кривичниот законик;
Објавени трудови
2014 година, Јавност во кривичната постапка, Прирачник за новинари;
2015 година – Начело In dubio pro reo во кривичната постапка, проект реализиран во соработка со ОБСЕ;
2016 година, Реформа на кривичното процесно законодавство на Македонија и системот на правни лекови – закон и пракса, коавторски труд;
Други континуирани едукации
2012 година – Едукатор во базичните обуки за новиот ЗКП;
2013, 2014, 2015 година - Едукатор во специјализираните обуки за новиот ЗКП, Модул 3 Главна расправа и Модул 4 Забрзани постапки;
2014 и 2015 година – Предавач за новините во Законот за кривичната постапка, обука наменета за судиите –поротници;
2014 и 2015 година – Предавач на слушателите на почетната обука во Академијата за судии и јавни обвинители;
2018, Ментор во Академијата за судии и јавни обвинители;
Судија Енвер Беџети
Судија Енвер Беџети

Образование:
Дипломирал на Правен факултет во Приштина на 26.04.1990г.
Правосуден испит положил на 10.06.2004г.
Работно искуство:
Секретар на Општина Боговиње.
Управител на приватна фирма.
Генерален секретар на Тетовскиот Универзитет, во период на граѓанска инициатива 2002-2004г.
Адвокатски приправник.
Адвокат од 2005 -2010г.
Првпат бил избран за судија во Основен суд Скопје 1 на 14.01.2010 г.
На 04.12.2012г. со одлука за избор 07-1815/1 (Сл.в. на РМ бр.153/12 од 06.12.2012г.) избран е за судија во Апелационен суд Скопје, каде постапувал по граѓански предмети а сега постапува по кривични предмети и е определен да го заменува Претседателот на Судот во негово отсуство.
Објавени трудови и активности:
Има следено над 30 семинари и работилници како Адвокат, а од 2010 година следени над 60 семинари и обуки организирани од страна на Академијата за судии и јавни обвинители.