За судиите [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

За судиите

ДОСЕГАШНИ ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА ОВОЈ СУД


Во периодот од 1954 година па до сега претседатели на овој суд биле:
 

  1. Боро Доганџиски

  2. Тошо Смилевски

  3. Тодор Анастасов

  4. Димитар Стојчев

  5. Блажо Петковски

  6. Михајло Маневски

  7. Генко Андоновски

  8. Ленче Софрониевска

  9. Филимена Маневска

  10. Ведат Вели

  11. Јордан Митриновски

  12. Љупка Арсениевска

  13. Љиљана Ивановска Шопова

  14. Лидија Димчевска

Претседател

CV на Претседател

Судија Мери Дика Георгиевска

Име и презиме:
Мери Дика Георгиевска
Година на избор:
2005
Област на која работи судијата:
Граѓанска област

Образование:

Дипломирала на Правниот факултет во Скопје  на 16.09.1985 година.

Завршила Магистерски студии по правни науки на Универзитетот Американ Колеџ Скопје на 09.10.2014 година.

Правосуден испит положила во Скопје на 18.02.1987 година.

Работно искуство:

Од 01.11.1985 до 31.12.1986 година работела како Адвокатски приправник кај Адвокат Ристо Дика на стопанска материја.

Од 01.01.1987 до 05.05.1989 година работела како Адвокатски стручен соработник кај Адвокат Ристо Дика на стопанска материја.

Од 06.05.1989 до 30.06.1996 година работела како Адвокат во сопствена канцеларија на сите материи.

Од 01.07.1996 до 17.05.2005 година работела како судија во Основен суд Скопје II Скопје на стопанска материја.

Од 18.05.2005 до 18.12.2012 година работела како судија во Апелационен суд Скопје на стопанска материја.

Од 18.12.2012 до 18.12.2018 година е член на Судски Совет на РМ.

Од 18.12.2018 година е Судија на Апелационен суд Скопје на стопанска материја.

Првпат била избрана за судија во Основен суд Скопје II Скопје на 01.07.1996 година со одлука за избор бр.08-2433/1 (Сл.в. на РМ 34/96).

На 18.05.2005 година избрана е за судија во Апелационен суд Скопје, каде постапува по стопански спорови и сега е претседател на трговскио оддел.

Во Основен суд Скопје II Скопје и Апелационен суд Скопје била претседател на Стопанските оддели.

На ден 03.02.2023 година со одлука на Судски совет се определува за вршител на должност Претседател на Апелационен суд Скопје.

 

Објавени трудови и активности:

Има учествувано на повеќе семинари во земјата и во странство и има учествувано во работни групи за изработка на закони.

Активно се служи со Англиски јазик.

Има познавање од областа на работа со компјутери.

Судиите

Судија Агим Мислими

Судија Агим Мислими

Име и презиме:
Агим Мислими
Година на избор:
2013
Област на која работи судијата:
Граѓанска област

Образование:

Дипломирал на Правен факултет во Приштина 1990 година.

Правосуден испит положил во Скопје во 1998 година.

Работно искуство:

Од 8.12.1999 г. до 14.6.2013 г. работел во сопствена адвокатска канцеларија.
 
Бил претседател на адвокатска заедница Гостивар во траење од шест години и член на Управен одбор на Адвокатска комора на Република Македонија, исто така шест години.
 
На 6.6.2013 година е избрана за судија на Апелационен суд Скопје со одлука за избор бр.07-1186/1 (Сл.в.83/13 од 7.6.2013 година) каде постапувал по предмети во граѓанскиот оддел, а сега постапува по предмети од работни односи.

Објавени трудови и активности:

Посетувал бројни семинари од кривичната и граѓанската област, како и од областа на човековите права.

Судија Енвер Амзаи

Судија Енвер Амзаи

Име и презиме:
Енвер Амзаи
Година на избор:
2013
Област на која работи судијата:
Кривична област

Образование:

Дипломирал на Правниот факултет во Приштина на 5.6.1991 година.

Правосуден испит положил во Скопје на 11.4.2003 година.

Работно искуство:

Од 1.4.1994 г. работел како самостоен и главен инспектор во ОУБК – Гостивар.

Од 1.5.2001 г. бил началник на Одделение на Крим.полиција Гостивар.

Од 1.5.2005 г. бил началник на Одделение на Крим.техника Гостивар.

Од 1.9.2005 г. бил советник на држаниот секретар при Министерство за внатрешни работи на Република Македонија.

На 07.05.2019 г. е избран за судија во Основен суд Скопје I Скопје, каде постапувал по предмети во одделот за прекршоци.

Од 01.01.2011 г. бил прераспределен во одделението за извршување на санкции при Основен суд Скопје I Скопје.

На 28.6.2013 година е избран за судија на Апелационен суд Скопје со одлука за избор бр.07-1348/1 (Сл.в.91/13 од 28.6.2013 година) и постапувал по прекршочни предмети, а сега постапува по предмети од работни спорови.

Судија Ѓорѓи Радојков

Судија Ѓорѓи Радојков

Име и презиме:
Ѓорѓи Радојков
Година на избор:
2016
Област на која работи судијата:
Граѓанска област

Работно искуство:

На 05.09.2016 г. со одлука за избор бр. 08-1380/1 (Сл.в. на РМ бр.172 од 12.09.2016 г.) избран е за судија во Апелационен суд Скопје, каде постапува по предмети во граѓанскиот оддел.

Судија Санде Зиков

Судија Санде Зиков

Име и презиме:
Санде Зиков
Година на избор:
2016
Област на која работи судијата:
Граѓанска област

Работно искуство:

На 05.09.2016 г. со одлука за избор бр. 08-1380/1 (Сл.в. на РМ бр.172 од 12.09.2016 г.) избран е за судија во Апелационен суд Скопје, каде постапувал по предмети во граѓанскиот оддел, а сега постапува по предмети од работни спорови и е претседател на совет.

Судија Наташа Савовска Димитровска

Судија Наташа Савовска Димитровска

Име и презиме:
Наташа Савовска Димитровска
Година на избор:
2016
Област на која работи судијата:
Граѓанска област

Работно искуство:

На 05.09.2016 г. со одлука за избор бр. 08-1380/1 (Сл.в. на РМ бр.172 од 12.09.2016 г.) избрана е за судија во Апелационен суд Скопје, каде постапува по предмети во трговскиот оддел.

Судија Јетмире Ајдини Бошњаку

Судија Јетмире Ајдини Бошњаку

Име и презиме:
Јетмире Ајдини Бошњаку
Година на избор:
2011
Област на која работи судијата:
Граѓанска област

Образование:

Магистерски студии (2013)

Пред одбрана на тема со наслов: "Убиствa во општина Гостивар, период 2001- 2006, податоци со кои располага судската пракса."

Правосуден испит (2003)

Додипломски студии (1995-2000)

Универзитет "Св. Кирил и Методиј" - Скопје

Општо правен смер

 

Работно искуство:

  - 2003 - 2007 година - асистент на Државниот Универзитет во Тетово,

  - 2004 - 2008 година - адвокат во адвокатска канцеларија во Гостивар,

  - 2008 година избрана за судија во Основен суд Скопје 1,

  - 2011 година избрана за судија во Апелационен суд Скопје,

  - 2013 година избрана за Претседател на Управен суд Скопје 

  - 2017 година судија во Апелационен суд Скопје, каде постапува по предмети во трговскиот оддел.

Објавени трудови и активности:

-  Признание од американскиот амбасадор Лоренс Батлер за извонредни напори и исклучителни остварувања во знак на    демократските вредности и принципи кои придонесоа за напредок во Р. Македонија

- Интензивна школа на тема Семејно насилство, Washington DC, Mineapolis, S.Paul, USA

 - Интензивен курс за Оперативен менаџмент и справување со стресни ситуации, Скопје

 - Интензивен курс по Тренинг за менаџмент, Лајпциг Германија

Судија Зоран Герасимовски

Судија Зоран Герасимовски

Име и презиме:
Зоран Герасимовски
Година на избор:
2017
Област на која работи судијата:
Граѓанска област

Работно искуство:

На 23.11.2017 г. со одлука за избор бр. 08-1585/7 (Сл.в. на РМ бр.172 од 29.11.2017 г.) избран е за судија во Апелационен суд Скопје, каде постапува по предмети во граѓанскиот оддел.

Судија Мелек Алија Елези

Судија Мелек Алија Елези

Име и презиме:
Мелек Алија Елези
Година на избор:
2017
Област на која работи судијата:
Граѓанска област

Работно искуство:

На 23.11.2017 г. со одлука за избор бр. 08-1585/7 (Сл.в. на РМ бр.172 од 29.11.2017 г.) избрана е за судија во Апелационен суд Скопје, каде постапува по предмети во граѓанскиот оддел.

Судија Тања Милева

Судија Тања Милева

Име и презиме:
Тања Милева
Година на избор:
2017
Област на која работи судијата:
Кривична област

Работно искуство:

На 23.11.2017 г. со одлука за избор бр. 08-1585/6 (Сл.в. на РМ бр.172 од 29.11.2017 г.) избрана е за судија во Апелационен суд Скопје, каде постапува по предмети во кривичниот оддел.

Судија Лирие Елези Ајрулау

Судија Лирие Елези Ајрулау

Име и презиме:
Лирие Елези Ајрулау
Година на избор:
2018
Област на која работи судијата:
Кривична област

Образование:

Дипломирала на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје на 19.02.2004 година.

Правосуден испит положила во Скопје на 08.12.2006 година.

Работно искуство:

Од 09.2003 до 06.2004 година - Собрание на Република Македонија.

Од 04.2004 до 04.2005 година - Национален демократски институт Скопје.

Од 04.2005 до 01.2010 година - Министерство за локална самоуправа.

Од 01.2010 до 02.2011 година - Академија за обуки на судии и јавни обвинители.

Од 07.2011 до 11.2018 година - Основен суд Скопје I Скопје - Судија

На 30.10.2018 г. со одлука за избор бр. 08-1465/1 (Сл.в. на РМ бр.217 од 27.11.2018 г.) избрана е за судија во Апелационен суд Скопје, каде постапува по предмети во кривичниот оддел.

 

Објавени трудови и активности:

Учество на обуки и семинари:

- МАТРА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО ПРОГРАМА ЗА ОБУКА- "Притвор и алтернативни санкции" - ПРОГРАМА ЗА ОБУКА НА 36 државни службеници од следниве земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Грузија, Косово, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Србија, Турција, Украина 4 - 11 Октомври 2018 ХАГ, ХОЛАНДИЈА.

- Меѓународен институт за правда и владеење на правото (IIJ) - "Спроведување на GCTF Neuchâtel Memorandu за малолетничка правда во контекст на контратероризам" Регионална работилница - Валета, 17-19 Јули 2018 - во Малта, од 17-19 јули 2018 година, службите за спроведување на законот, обвинителите, судиите, затворските службеници и адвокатите на одбраната кои работат на полето на малолетничка правда во земјите од Западен Балкан, се состанаа за спроведување на меѓународните стандарди за малолетничка правда во контекст на CT.

- IRZ- од 13 до 19 мај 2018 година во Бон - Германија, група од дванаесет жени судии и јавни обвинители од Македонија беше поканета од страна на ИРЗ во Бон за работна посета. Посетата се одржа како дел од програмата за поддршка на младите македонски правници, што беше овозможено од страна на германското Министерство за надворешни работи.

- Сертификат за успешно завршување на обуката за  обучувачи за Методологија за учење на возрасни за дизајн и испорака на  материјалот за обука од страна на САД, Министерството за правда –Канцеларија за меѓународна помош и развој на обвинителствата Септември, 2017

- Академија за европско право "Право на ЕУ за родова еднаквост: Семинар за членовите на судството" во Трир од 25-26 април 2016 година.

- Национална асоцијација на жени судии, САД, 37-та годишна конференција - "Со слобода и правда за сите", .Октомври 7-11, 2015 - Солт Лејк Сити, Јута - САД. 

- ТЕМИС Натпревар - Неекстрадиција на суверенитетот на државјаните против правдата - за категоријата Меѓународна соработка во кривични работи, за најдобра презентација во предметот ICCM, Барселона 08, октомври 2010 година.

- Академија за обука на судии и јавни обвинители на Република Македонија во соработка со Стејт департментот на САД, Биро за меѓународни наркотици и спроведување на законот (ИНЛ) - "Обука за членовите 2,3, 4, 5, 6, 7 од Европската конвенција за човекови права ", Скопје, Македонија, 2016 година.

- Обуки за спроведување на Законот за кривична постапка во Република Македонија, организирани од Академијата за обука на судии и јавни обвинители и Државен завод за меѓународни наркотици и полициски работи на САД (ИНЛ).

- "Примена на член 3 од Европската конвенција за човекови права", одржана на 23 и 24 април 2015 година во организација на Академијата за судии и јавни обвинители.

- "Притвор и други мерки за обезбедување присуство на обвинетите во кривичната постапка и судската пракса на ЕСЧП / Опис на предлогот и одлуката", одржано на 16-17 април 2015 година во организација на Академијата за судии и јавни обвинители.

- "Специјализирана обука за општи теми за новоизбраните судии и јавни обвинители (Европска конвенција за човекови права и основни слободи како меѓународен извор на законот и нејзиното влијание на националниот правен поредок) одржана на 18-22 јуни 2012 во организација на Академијата за судии и јавни обвинители.

- Семинар за млади членови на синдикатот за трговија од земјите од Југоисточна Европа; Организирани од ETOSZ и фондацијата Фридрих Еберт, 23-29 февруари 2008 година

- Обука за ИПА компонента II за националните власти - Обука за ИПА програмата за прекугранична соработка (структури и имплементација) за националните власти, организирана од Секретаријатот за европски прашања; Скопје, октомври 2007 година

- Обука за ИПА и управување со проектен циклус (три модули); Во организација на Секретаријатот за европски прашања и УНДП, септември 2007 - февруари 2008 година

- Компонента I - Обука и информатичка поддршка на ЦФЦУ и Национален фонд ПКМ: Подготовка на работните задачи, Подготовка за Децентрализиран систем за имплементација (ДИС) во Република Македонија: Фаза 2 - Обука за улогата на ТоР во Процедура за набавки, Процедури за набавки и спроведување на договори за услуги, Рамковни договори / Ограничени тендери, Твининг  и Директна спогодба, Досие за тендери, Улогата на проектната задача и Подготовка на проектната фише и ТоР; Скопје, 2007 година

- Курс за обука PRAG - модуларен курс за основните правила на склучување договори и различни видови на договори кои се однесуваат на договори за услуги, набавки и грантови за членови на персоналот на CFCU, Националниот фонд, Европски секретаријат и ресорните министерства; Скопје, септември 2006

- Набавки и FIDIC обука - Дводневен курс за начелата и праксата за набавка на работи во согласност со PRAG и воведување на условите на FIDIC за Договор за вработените кои се вклучени во постапките за набавки, членови на комитети за евалуација и надзор и надзор на проектот; Скопје, 2006 година

- Обука за градење на капацитетите на државните службеници за државни службеници од II категорија, организирани од Советот на Европа; Скопје, 2005 година

 

Организација на семинари и конферениции:

- Координатор на семинар "Евтаназија - милост на убиството", Скопје, 2004

- Конференција "Конфликт за дипломатија и дипломатски вештини - мирно решавање на конфликти", 2004

 - Учество во работата на Одборот на НВО саемот

 

Публикации:

- "Трговијата со жени во Република Македонија" и "Правата на националните малцинства во Република Македонија"; Објавено во 2004 година

- Објавени разни текстови за социјални предмети во "Правосудство", весник за студенти по право, 2003-2004

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_

Најнови вести


Сите вести