За судиите [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

За судиите

Претседател

CV на Претседател

Судија ТОНИ ДЕЛЕВ

Име и презиме:
ТОНИ ДЕЛЕВ
Година на избор:
2016
Област на која работи судијата:
Кривична област

Образование:

Роден на 17.06.1965 г. во Ново Село, Струмица, Р.Македонија. Основно и средно училиште – Гимназија завршува во Струмица. На Правниот Факултет во Битола дипломира на 20.05.1990 година. Правосуден испит положил во 1996 година.

Има посетувано  и учествувано на повеќе курсеви и проекти за едукација на судии  во странство, активно зборува Англиски јазик, со завршен VII степен.

Работно искуство:

Од 1992 до 1995 година работи во стопанска организација. Од 01.03.1998 година е вработен во Основен суд Струмица  како стручен соработник, за судија во Основен суд Струмица е избран на 07.02.2006 година и цело време работи на кривична материја.

На  05.09.2016 година е избран за судија на Апелационен суд Штип, работи во Кривичен оддел.

На  18.10.2023 година е избран за Претседател на Апелационен суд Штип.

Судиите

Судија МИРЈАНКА ГОЦЕВСКА СТЕФАНОВСКА

Судија МИРЈАНКА ГОЦЕВСКА СТЕФАНОВСКА

Име и презиме:
МИРЈАНКА ГОЦЕВСКА СТЕФАНОВСКА
Година на избор:
2010
Област на која работи судијата:
Кривична област

Образование:

Родена 30.06.1961 год.во Штип. Во 1985 дипломира на Правен факултет - Правосудна насока при универзитетот св. Кирил и Методиј во Скопје. 

Работно искуство:

Од 1986 до 1987 год. работи како приправник во Окружниот суд во Штип, каде што продолжува како стручен соработник и секретар на судот до 1996 год. Во месец Јуни 1996 год. е избрана за судија во Основниот суд во Штип, каде што работи во кривична и граѓанска област. Во 2007 год. е избрана за судија во Управниот суд во Скопје, каде работи до 2010 год. Во месец Септемри 2010 год е избрана за судија во Апелациониот суд во Штип.

На 11.12.2012 година е избрана за член на Судски совет на Република Македонија.  Судиското место во Апелационен суд Штип е во мирување  се до престанокот на функцијата член на судскиот совет на Р. Македонија. 

Од 19.12.2018 продолжува со судиската функција во Апелационен суд Штип.

Судија ДАНКА РИСТОВА

Судија ДАНКА РИСТОВА

Име и презиме:
ДАНКА РИСТОВА
Година на избор:
2010
Област на која работи судијата:
Кривична област

Образование:

Родена на 19.09.1965 год. во Кочани.
Основно и средно образование - општа гимназија завршила во Радовиш. Дипломирала на Правен факултет на Универзитетот св. Кирил и Методиј во Скопје во 1987 год.

Работно искуство:

Од 10.1989 година работи како приправник, а потоа и како стручен соработник во Јавното правобранителство во Радовиш. Избрана е за судија во Основниот суд во Радовиш во јули 1997 год., каде работи на кривична и прекршочна материја. Во ноември 2009 год. избрана е за Претседател на Основен суд Радовиш.
Во септември 2010 год. избрана е за судија во Апелациониот суд во Штип.

Судија СВЕТЛАНА ЈОВАНОВА

Судија СВЕТЛАНА ЈОВАНОВА

Име и презиме:
СВЕТЛАНА ЈОВАНОВА
Година на избор:
2011
Област на која работи судијата:
Граѓанска област

Образование:

Родена е на 17.02.1964 година во Кочани.
Во 1987 година дипломира на Правниот факултет при Универзитетот Св. “Кирил и Методиј“ во Скопје.
Правосуден испит положува на 09.12.1992 година.

Работно искуство:

Од 01.12.1989 год. работи како приправник во Окружниот стопански суд во Штип. Од 09.12.1992 год. продолжува да работи како стручен соработник во Окружниот стопански суд во Штип до 30.06.1996 год.
Од 01.07.1996 год. до 10.07.2002 год. продолжува да работи како стручен соработник во Основниот суд во Штип.
На 11.07.2002 год. е избрана за судија во Основен суд Штип, каде работи на граѓанска материја.
На 30.03.2011 год. избрана е за судија во Апелационен суд Штип.

Судија ВЕСНА ДИМИТРИЕВСКА НАКОВА

Судија ВЕСНА ДИМИТРИЕВСКА НАКОВА

Име и презиме:
ВЕСНА ДИМИТРИЕВСКА НАКОВА
Година на избор:
2013
Област на која работи судијата:
Кривична област

Образование:

Родена е на 21.02.1966 година во Штип. Основно и средно образование - гимназија завршува во Штип. Дипломира на правниот факултет во Битола на 22.11.1989 година. На 05.10.1992 година положила правосуден испит. Има завршено 2 степени англиски јазик.

Работно искуство:

Од 01.01.1990 година до 31.12.1992 година волонтира во Општински суд Штип. Од 16.01.1995 год. до 02.05.1995 год. работи како стручен соработник во Општински суд Штип. Од 03.05.1995 год. до 15.04.1998 год. работи како стручен соработник во Окружниот суд во Штип / Апелационен суд Штип. Од 16.04.1998 год. до 12.09.2010 год. работи како секретар на Апелационен суд Штип. Од 13.09.2010 год. до 01.12.2013 год. работи како судија во Основниот суд во Штип. На 02.12.2013 година е избрана за судија во Апелационен суд Штип. Работи како судија на предмети од кривична област. На 14.09.2016 год. е именувана за В. Д. Претседател на Апелационен суд Штип.  По завршувањето на функцијата В.Д. Претседател на 23.11.2017 продолжува да работи како судија во Апелационен суд Штип.

Судија ЃОРЃИ АНДОНОВ

Судија ЃОРЃИ АНДОНОВ

Име и презиме:
ЃОРЃИ АНДОНОВ
Година на избор:
2024
Област на која работи судијата:
Кривична област

Образование:

Роден е и завршил основно и средно образование во Штип, а дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот Св.Кирил и Методиј – Скопје во 2001 година. Правосуден испит положил 2004 година.

Од месец Јули 2005 вработен како стручен соработник во ОС Штип (област кривично право), а од месец Септември 2008 посетува Академијата за судии и обвинители Скопје, каде дипломира во месец Јануари 2010 година.

Работно искуство:

На 22.04.2010 година е избран за судија во Основен суд Штип, каде постапува по предмети од кривична материја.
Од 02.11.2019 година е избран за Претседател на Основен суд Штип и функцијата ја врши до 11.12.2023 година.

 На 13.02.2024 година е избран за судија во Апелационен суд Штип за кривична област, каде постапува по предмети од кривична материја.

Објавени трудови и активности:

Aктивен член e на Здружението на судии на РСМ, претседател на подружницата на ЗСРСМ во ОС Штип во два мандата, а член на УО на ЗСРСМ во период 2020 - 2024 година. Учесник во повеќе комисии и работни и проектни групи на ЗСРСМ, а во неколку наврати како делегат го претставува ЗСРСМ на собранија на Европското и Светското здружение на судии. Член е на Судско-Медиумски Совет тело на ЗСРСМ во два мандата (2018-2020 и 2022-2024) и ко-автор на „Прирачник за судска транспарентност“ издаден од ЗСРСМ (2020).  
Учесник е на бројни меѓународни конференции, семинари и обуки во РСМ и странство од областа на правосудството, а бил во студиски и работни посети на повеќе земји. Алумни е на Open World Leadership Centre (САД).

Член е на мултисекторски тим во општина Штип за превенција, заштита и спречување на семејно насилство. Предавач/обучувач е во континуираната обука на Академијата за судии и обвинители како и во обуки организирани од меѓународни и невладини организации (ОБСЕ, МЗМП, СОС Детско село, ЦПИА Скопје, ЕХО Штип). Член е на повеќе меѓународни правосудни организации и мрежи.

Во 2020 година е избран за член на Централната работна група на Судиската мрежа при CEELI Institute во Прага, Чешка, а во рамките на своите активности при овој Институт се јавува и како ко-автор и контрибутор во две публикации на CEELI – „Прирачник за далечински судења“ (2021) и „Прирачник за ветинг во судството“ (2024), како и како учесник и говорник на повеќе конференции и настани.

Во 2024 година избран е за член на Советот за имплементација на компјутерска технологија на Министерството за правда на РСМ.

Бил член на Работната група на МП за изготвување на Стратегијата за унапредување на правосудството 2023-2027.

Член е и на повеќе постојани работни групи на Европското здружение на судии (ЕАЈ) во неколку мандати.

Судија ТОДОР ПОП-ПАНЕВ

Судија ТОДОР ПОП-ПАНЕВ

Име и презиме:
ТОДОР ПОП-ПАНЕВ
Година на избор:
2024
Област на која работи судијата:
Граѓанска област

Образование:

Се запишува на Правен факултет во Скопје при Универзитетот Свети Кирил и Методиј во 1994/1995 година. Дипломира на 29.03.1999-та година. Положил правосуден испит во месец декември 2001-ва година. Во месец декември 2008-ма година успешно ја завршува почетната обука во Академијата за судии и јавни обвинители во Скопје. Има посетувано голем број на семинари и обуки организирани од страна на Здружението на судии, како и од Академијата за обука на судии и јавни обвинители и други домашни и меѓународни институции. Притоа се здобил и со уверение за успешно завршена обука за обучувач по медијација доделена на семинар организиран од страна на Министерството за правда на РСМ. Бил еден од учесниците на првиот натпревар под назив TEMIS помеѓу сите академии за обука на судии и јавни обвинители од Европа, одржан во Букурешт во месец септември 2008-ма година, како и на семинарот во Трир, Германија за антидискриминација во областа на работните спорови. Поседува сертификат за обучувач од чл.10 од ЕКЧП. Беше член во два мандата на Судско медиумскиот совет и во еден мандат на телото за судиска етика при Здружението на судии, а сега е член на нормативно-правната комисија на Здружението на судии. Во еден мандат беше заменик член на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители и предавач на почетната и континуираната обука на Академијата за судии и јавни обвинители, а воедно и ментор и координатор на менторски тим на слушателите на почетната обука.

Лични вештини и способности:

- македонски јазик

- англиски јазик

- работа со компјутери и тоа: Internet, ACCMIS, SRS Femida, судска е-достава, MS

Word, Open office writer, MS Excel, OpenOffice Calc, MS Powerpoint.

Работно искуство:

1999-2001 година како волонтер во Основен суд Штип работел во сите правни области, за кој период изготвувал одлуки од повеќе правни областа и тоа: граѓанска, кривична, трговска, прекршочна и вонпарнична.

2002-2004 година бил вработен во Основен суд Штип како стручен соработник на определено време во период од две години. За овој период работел во одделението за регистрација на правни лица во судскиот и трговскиот регистар, како и во одделението за стечај и одделението за трговски спорови.

2005-14.10.2010 година е во работен однос на неопределено време како стручен соработник во Основен суд Штип. Во овој период работи на пишување на одлуки од областа на граѓанското и трговското право. За време на работниот стаж во Основен суд Штип во период од 17.09.2007 година до 17.11.2008 година, успешно ја завршил почетната обука во Академијата за судии и јавни обвинители како дел од првата генерација и се стекнал со статус кандидат за судија и јавен обвинител.

На 14.01.2010-та година е избран за судија во Основен суд Свети Николе и беше распореден да работи и постапува по граѓански и вонпарнични предмети.

На ден 20.11.2013 година стапува на функција Вршител на должност Претседател на Основен суд Свети Николе. Оваа должност успешно ја извршува до 29.04.2015 година.

Од 2017 година до 2021 година е Претседател на Основен суд Свети Николе и воедно постапува по граѓански предмети од сите области.

На 29.12.2022 година е избран за судија во Основен суд Штип и работи на платни налози и работни спорови.

На ден 13.02.2024 година е избран за судија во Апелационен суд Штип и распореден во граѓански оддел.

Прва<1>Последна

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_

Најнови вести


Сите вести