Слободен пристап до информации
ActionsСлободен пристап до информации
Апелациониот суд во Штип, согласно член 8,член 9 и член 10 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.101/19 од 22.05.2019), и Упатството за спроведување на законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.60/20 од 11.03.2020) ја објавува следната:
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
1.ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ:
- назив: Апелационен суд Штип
- адреса: ул. „Генерал Михаило Апостолски“ бр.16 Штип
- контакт телефон: 02/393-455
- факс: 02/391-037
- контакт e-mail: contact@asstip.mk
- web страна: www.sud.mk/wps/portal/asstip
2.СЛУЖБЕНИ ЛИЦА ЗА ПОСРЕДУВАЊЕ СО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
- Александар Парчеклиев - Судски администратор
- контакт телефон: 02/393-455 локал 104
- контакт e-mail: acepar2014@gmail.com
3.НАЧИН НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕТО ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП НА ИНФОРМАЦИИТЕ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР:
- писмено
- усно
- електронски запис
4.ЛИСТАТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР НА АПЕЛАЦИОНЕН СУД ШТИП
- информации за општи податоци
- информации за судиите на Апелационен суд Штип
- Информации за јавни седници и расправи
- статистика на судот
- уставни, законски одредби, Судски деловник, процесни закони,судска пракса, Одлуки на Апелационен суд Штип, начелни правни мислења и ставови, сентенци,
- соопштенија за јавноста
- формулари и документи
- јавни набавки
Граѓаните на Република Северна Македонија можат да добијат информација од јавен карактер што ја изготвило или со која располага Апелациониот суд Штип со пополнување на – Барање за пристап до информации од јавен карактер, кое може да го добијат во Канцеларијата за односи со јавност на Апелациониот суд Штип или да го превземат од линкот прикажан подолу.
Барањето за информација може да се достави во писмена форма на адресата на Апелациониот суд Штип, ул:„Генерал Михајло Апостолски“ бр. 16 или на e-mail: contact@asstip.mk, како и на факс бр.032/391-037
Граѓаните може да се информираат за сите прашања од нивен интерес што се поврзани со правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и на телефон: 032/393-455, локал 104.
Образец за Барање СПИ:
Преземање