Соопштение за јавност
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение за јавност
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
Апелациониот суд во Штип во интерес на јавноста и медиумите информира дека во судот се оформени и завршени следните предмети по жалба на решенијата за притвор, во врска со пожарот во дискотеката Пулс - Кочани и тоа:
1. Ксж-61/25 - жалбата на К.Б е одбиена како неоснована, а првостепеното решение на Основен суд Кочани Кс-57/25, со кое е продолжена определената мерката притвор е потврдено.
2. Ксж-62/25 - жалбата на Н.И. е одбиена како неоснована, а првостепеното решение на Основен суд Кочани Кс-72/25, со кое е продолжена определената мерката куќен притвор е потврдено.
3. Ксж-63/25 - жалбата на Р. Ч. Д. е одбиена како неоснована, а првостепеното решение на Основен суд Кочани Кс-53/25, со кое е продолжена определената мерката притвор е потврдено.
4. Ксж-57/25 - жалбата на Е.М. е уважена, а првостеното решение Кс-61/25 на Основен суд Кочани е преиначено така што мерката притвор е заменаета со мерка куќен притвор и се определени мерки на претпазливост.
5. Ксж-56/25 - жалбата на М.С. е одбиена како неоснована, а решението на Основен суд Кочани Кс-64/25, со кое е продолжена определената мерката притвор е потврдено.
6. Ксж-54/25 - жалбата на Б.Х е одбиена како неоснована, а решението на Основен суд Кочани Кс-69/25, (со кое барањето за укинување на мерката притвор и определување на куќен притвор и гаранција е одбиено)- е потврдено.
7. Ксж-55/25 - жалбата на М.Ѓ. е одбиена како неоснована, а решението на Основен суд Кочани Кс-55/25, со кое е продолжена определената мерката притвор е потврдено.
8. Ксж-58/25 - жалбата на Р.Д. е одбиена како неоснована, а решението на Основен суд Кочани Кс-71/25, со кое е продолжена определената мерката куќен притвор е потврдено.
Донесените одлуки со образложени причини за истите ќе бидат достапни за прелистување и на веб страната на судот во текот на наредниот ден.
Во тек се постапувања по други предмети по жалба за кои по барање на странките се закажуваат јавни седници и се одлучуваат, а по конечноста на одлуките за истите ќе има друго соопштение.
29.04.2025 година
Апелационен суд Штип