Соопштение за јавност
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение за јавност
Известување за јавноста
Заради интересот на јавноста, а имајќи предвид и постигнувањето на целите на генералната превенција и одвраќање од сторување на кривични дела, а особено на вакви тешки кривични дела, се известува јавноста дека по одржана јавна седница на ден 24.04.2025 година, Апелациониот суд Штип донесе пресуда со која ја одби како неоснована жалбата поднесена од обвинетиот Фадил Зејнелов од Штип против пресудата на Основниот суд Штип К-12/25 од 12.02.2025 година по однос на изречената санкција, со која пресуда обвинетиот е огласен за виновен за кривично дело „Убиство“ од чл.123 ст.2 т.2 од КЗ - извршено при вршење на семејно насилство над сега покојната Емилија Пешова од Штип, и за кое е осуден на казна доживотен затвор. Согласно оваа одлука на Апелациониот суд Штип, пресудата на Основниот суд Штип е правосилна и извршна и сторителот на кривичното дело веќе се наоѓа на издржување на казната доживотен затвор.
Одлуката на Апелациониот суд Штип под КЖ.бр.91/25 од 24.04.2025 година ќе биде објавена и на веб-страницата на судот.
09.05.2025 Апелационен суд Штип