Известување за отворен ден на судовите за граѓаните по повод одбележувањето на Европскиот ден на граѓанска правда [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Известување за отворен ден на судовите за граѓаните по повод одбележувањето на Европскиот ден на граѓанска правда

Announcements, Events, News, Press realeses  |  Oct 25, 2023
Се известуваат граѓаните дека Апелациониот суд од Штип се вклучува во одбележување на Европски ден на правдата - 25-ти Октомври . Се повикуваат граѓаните да гo посетат Апелациониот суд во Штип на ден 25.10.2023 год. во периодот од 10.00 до 14.00 часот.

Европскиот ден на правдата ќе се обележи со организирање:

 

ОТВОРЕН ДЕН НА СУДОТ ЗА ГРАЃАНИТЕ

 

Во одбележувањето на 25-ти Октомври - Европскиот ден на правдата кој што секоја година се одбележува во сите држави на Европа, се вклучува и Република Северна Македонија, со единствена цел правдата да се доближи до граѓаните, кои треба да се запознаат со нејзиното извршување и спроведување. На овој ден, се обезбедува за граѓаните и пошироката јавност, поширок пристап до правдата. На овој начин со ваквото одбележување на Европскиот ден на правдата, се овозможува на граѓаните во Европа да бидат запознати со сите нивни основни права во повеќе области (право на сопственост, право на наследување, авторско право, договорно право, семејно право, и сл).

На овој ден граѓаните во Европа се запознаваат со начинот на функционирање на системот во поширока смисла (извршување на судски пресуди, пристапување до правдата, медијација, и сл).

Заради спроведување на горенаведеното, на сите граѓани кои ќе го посетат Апелациониот суд во Штип, ќе им биде појаснето и ќе бидат запознати со местото и улогата на судовите во системот на заштита на човековите права, судските постапки кои се водат во судовите, пристапот до судовите, како се примаат судските предмети, како се упишуваат судските предмети, на кој начи се врши распоредување на судските предмети по судовите.

На граѓаните кои ќе го посетат Апелациониот суд во Штип, ќе им бидат појаснети средствата за работа, под какви услови работат судовите како и примената на АКМИС програмата и информатичката технологија.

 

 

   


Decision search

Court
Case number
Date
_