За судиите [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

За судиите

Претседател

CV на Претседател

Судија ТОНИ ДЕЛЕВ

Име и презиме:
ТОНИ ДЕЛЕВ
Година на избор:
2016
Област на која работи судијата:
Кривична област

Образование:

Роден на 17.06.1965 г. во Ново Село, Струмица, Р.Македонија. Основно и средно училиште – Гимназија завршува во Струмица. На Правниот Факултет во Битола дипломира на 20.05.1990 година. Правосуден испит положил во 1996 година.

Има посетувано  и учествувано на повеќе курсеви и проекти за едукација на судии  во странство, активно зборува Англиски јазик, со завршен VII степен.

Работно искуство:

Од 1992 до 1995 година работи во стопанска организација. Од 01.03.1998 година е вработен во Основен суд Струмица  како стручен соработник, за судија во Основен суд Струмица е избран на 07.02.2006 година и цело време работи на кривична материја.

На  05.09.2016 година е избран за судија на Апелационен суд Штип, работи во Кривичен оддел.

На  18.10.2023 година е избран за Претседател на Апелационен суд Штип.

Судиите

Судија МИРЈАНКА ГОЦЕВСКА СТЕФАНОВСКА

Судија МИРЈАНКА ГОЦЕВСКА СТЕФАНОВСКА

Име и презиме:
МИРЈАНКА ГОЦЕВСКА СТЕФАНОВСКА
Година на избор:
2010
Област на која работи судијата:
Кривична област

Образование:

Родена 30.06.1961 год.во Штип. Во 1985 дипломира на Правен факултет - Правосудна насока при универзитетот св. Кирил и Методиј во Скопје. 

Работно искуство:

Од 1986 до 1987 год. работи како приправник во Окружниот суд во Штип, каде што продолжува како стручен соработник и секретар на судот до 1996 год. Во месец Јуни 1996 год. е избрана за судија во Основниот суд во Штип, каде што работи во кривична и граѓанска област. Во 2007 год. е избрана за судија во Управниот суд во Скопје, каде работи до 2010 год. Во месец Септемри 2010 год е избрана за судија во Апелациониот суд во Штип.

На 11.12.2012 година е избрана за член на Судски совет на Република Македонија.  Судиското место во Апелационен суд Штип е во мирување  се до престанокот на функцијата член на судскиот совет на Р. Македонија. 

Од 19.12.2018 продолжува со судиската функција во Апелационен суд Штип.

Судија ДАНКА РИСТОВА

Судија ДАНКА РИСТОВА

Име и презиме:
ДАНКА РИСТОВА
Година на избор:
2010
Област на која работи судијата:
Кривична област

Образование:

Родена на 19.09.1965 год. во Кочани.
Основно и средно образование - општа гимназија завршила во Радовиш. Дипломирала на Правен факултет на Универзитетот св. Кирил и Методиј во Скопје во 1987 год.

Работно искуство:

Од 10.1989 година работи како приправник, а потоа и како стручен соработник во Јавното правобранителство во Радовиш. Избрана е за судија во Основниот суд во Радовиш во јули 1997 год., каде работи на кривична и прекршочна материја. Во ноември 2009 год. избрана е за Претседател на Основен суд Радовиш.
Во септември 2010 год. избрана е за судија во Апелациониот суд во Штип.

Објавени трудови и активности:

 

Судија СВЕТЛАНА ЈОВАНОВА

Судија СВЕТЛАНА ЈОВАНОВА

Име и презиме:
СВЕТЛАНА ЈОВАНОВА
Година на избор:
2011
Област на која работи судијата:
Граѓанска област

Образование:

Родена е на 17.02.1964 година во Кочани.
Во 1987 година дипломира на Правниот факултет при Универзитетот Св. “Кирил и Методиј“ во Скопје.
Правосуден испит положува на 09.12.1992 година.

Работно искуство:

Од 01.12.1989 год. работи како приправник во Окружниот стопански суд во Штип. Од 09.12.1992 год. продолжува да работи како стручен соработник во Окружниот стопански суд во Штип до 30.06.1996 год.
Од 01.07.1996 год. до 10.07.2002 год. продолжува да работи како стручен соработник во Основниот суд во Штип.
На 11.07.2002 год. е избрана за судија во Основен суд Штип, каде работи на граѓанска материја.
На 30.03.2011 год. избрана е за судија во Апелационен суд Штип.

Објавени трудови и активности:

 

Судија ВЕСНА ДИМИТРИЕВСКА НАКОВА

Судија ВЕСНА ДИМИТРИЕВСКА НАКОВА

Име и презиме:
ВЕСНА ДИМИТРИЕВСКА НАКОВА
Година на избор:
2013
Област на која работи судијата:
Кривична област

Образование:

Родена е на 21.02.1966 година во Штип. Основно и средно образование - гимназија завршува во Штип. Дипломира на правниот факултет во Битола на 22.11.1989 година. На 05.10.1992 година положила правосуден испит. Има завршено 2 степени англиски јазик.

Работно искуство:

Од 01.01.1990 година до 31.12.1992 година волонтира во Општински суд Штип. Од 16.01.1995 год. до 02.05.1995 год. работи како стручен соработник во Општински суд Штип. Од 03.05.1995 год. до 15.04.1998 год. работи како стручен соработник во Окружниот суд во Штип / Апелационен суд Штип. Од 16.04.1998 год. до 12.09.2010 год. работи како секретар на Апелационен суд Штип. Од 13.09.2010 год. до 01.12.2013 год. работи како судија во Основниот суд во Штип. На 02.12.2013 година е избрана за судија во Апелационен суд Штип. Работи како судија на предмети од кривична област. На 14.09.2016 год. е именувана за В. Д. Претседател на Апелационен суд Штип.  По завршувањето на функцијата В.Д. Претседател на 23.11.2017 продолжува да работи како судија во Апелационен суд Штип.

Прва<1>Последна

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_

Најнови вести


Сите вести