Соопштение за јавност
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение за јавност
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
Апелациониот суд во Штип во интерес на јавноста и медиумите информира дека во судот е оформен предмет заведен под КСЖ-бр.40/25 по повод изјавени жалби од осомничениот Р.Д. од К. и Основниот јавен обвинител од Кочани против решението на Основен суд Кочани со кое спрема осомничениот Р.Д. од К. мерката притвор е заменета со куќен притвор и му е определена мерка на претпазливост привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница,
како и предмет заведен под бр. КСЖ-41/25 по повод изјавена жалба против решението на Основен суд Кочани со кое на осомничениот Н.И. од К. мерката притвор е заменета со куќен притвор и му е определена мерка на претпазливост привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница.
Предметите се примени во Апелациониот суд Штип на ден 26.03.2025 година во 14,30 часот и по заведувањето и извршена автоматска распределба истите се доставени во Вишото јавно обивинителство Штип согласно одредбите на ЗКП, од каде по добиените предлози по однос на поднесените жалби, и предметите се вратени во судот на ден 27.03.2025 година во 12,00 часот .
Предлозите на Вишото јавно обвинителство по однос на поднесените жалби се уредно доставени до странките.
По однос на поднесените жалби Kривичниот совет при Апелационен суд Штип закажа и одржа нејавни седници на ден 28.03.2025 година, по што ги донесе следните одлуки:
I.
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбите изјавени од осомничениот Р.Д. од К. преку бранителот адвокат А. С. од К. и од Основниот јавен обвинител од Кочани, против решението на Основен суд Кочани КС-36/2025 од 24.03.2025 година во ст.1 со кое мерката притвор се заменува со мерка куќен притвор, - СЕ ОТФРЛААТ КАКО НЕДОЗВОЛЕНИ.
Жалбите изјавени од осомничениот Р. Д. од К., преку бранителот адвокат А. С. од К. и од Основниот јавен обвинител од Кочани против решението на Основен суд Кочани КС-36/2025 од 24.03.2025 година, во ст.2 за определената мерка на претпазливост - привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница на име на осомничениот Р. Д. од К., односно забрана за нејзино издавање ,-СЕ УВАЖУВААТ.
Решението на Основен суд Кочани КС-36/2025 од 24.03.2025 година во ст.2 од истото СЕ УКИНУВА и предметот само во тој дел се враќа на повторно одлучување.
II.
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Основниот јавен обвинител од Кочани, против решението на Основниот суд во Кочани Кс-34/25 од 24.03.2025 година,- СЕ ОТФРЛА КАКО НЕДОЗВОЛЕНА.
Донесените одлуки со образложени причини за истите ќе бидат достапни за прелистување и на веб страната на судот во текот на наредниот ден.
Апелационен суд Штип