За судиите
ActionsЗа судиите
Претседател
CV на Претседател
Судија ТОНИ ДЕЛЕВ
Образование:
Роден на 17.06.1965 г. во Ново Село, Струмица, Р.Македонија. Основно и средно училиште – Гимназија завршува во Струмица. На Правниот Факултет во Битола дипломира на 20.05.1990 година. Правосуден испит положил во 1996 година.
Има посетувано и учествувано на повеќе курсеви и проекти за едукација на судии во странство, активно зборува Англиски јазик, со завршен VII степен.
Работно искуство:
Од 1992 до 1995 година работи во стопанска организација. Од 01.03.1998 година е вработен во Основен суд Струмица како стручен соработник, за судија во Основен суд Струмица е избран на 07.02.2006 година и цело време работи на кривична материја.
На 05.09.2016 година е избран за судија на Апелационен суд Штип, работи во Кривичен оддел.
На 18.10.2023 година е избран за Претседател на Апелационен суд Штип.