Сите вести

Работна средба со група експерти за еколошка правда во рамки на проектот „Климатска и еколошка правда на Западен Балкан“
Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Африм Фидани, на 18 септември 2025 година, оствари работна средба со група експерти за еколошка правда составена од Ентела Пингули, Винсент Делбос, Рејчел Ганем и Жарко Хаџи-Зафиров, во рамки на проектот „Климатска и еколошка правда на Западен Балкан“, поддржан Француската агенција за развој.

Средба на Претседателот на ВСРСМ Африм Фидани со Амбасадорот на Е У во Република Северна Македонија Н.Е. Михалис Рокас
Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија Африм Фидани денес оствари средба со Амбасадорот и Шеф на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, Н.Е. Михалис Рокас, на која присуствуваа преставници на Врховниот суд Република Северна Македонија и на Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија.