Судство [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Судство

Согласно со Уставот на Република Македонија судската власт ја вршат судовите како  самостојни  и независни  државни органи.

Судовите  судат врз основа на Уставот, законите и меѓународните договори ратификувани со Уставот.

Основни цели и функции на судската власт се:

  • непристрасно применување на правото, независно од положбата и својството на странките,

  • заштита, почитување и унапредување на човековите права и слободи,

  • обезбедување еднаквост, рамноправност и недискриминација по било кој основ и

  • обезбедување  правна сигурност врз основа на владеење на правото.

 

Видовите, надлежноста, основањето, укинувањето , организацијата и составот на судовите како и постапката пред нив се уредуваат со закон.

Во судскиот систем судската власт ја вршат основните судови, апелационите судови, Управниот суд, Вишиот управен суд и Врховниот суд на Република Македонија.

Основните судови се основаат за една или повеќе општини и судат во прв степен како судови со основна надлежност и судови со проширена надлежност.

Апелационите судови се основаат за подрачјето на повеќе судови од прв степен (основни судови). На територијата на Република Македонија има четири Апелациони судови со седиште во Битола, Гостивар, Скопје и Штип.

Управниот, Вишиот управен суд и Врховниот суд на Република Македонија  ја вршат судската власт на целата територија на Република Македонија и имаат седиште во Скопје.

Расправите пред судовите и изрекување на пресудите се јавни освен во случаи определени со закон.

Судските одлуки се изрекуваат во името на граѓаните на РМ. Правосилните судски одлуки имаат неприкосновено правно дејство, се задолжителни за сите правни и физички лица,  имаат поголема сила во однос на одлуките на другите државни органи и при тоа секој е должен да ги почитува и да обезбеди нивно извршување.

Судови во Република Северна Македонија

    Пребарување одлуки

    Суд
    Број на предмет
    Датум
    _

    Најнови вести


    Сите вести