Сите вести [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести сите

Година
Категорија

  • Новости  | 02.6.2019 | Врховен суд на Република Северна Македонија

    Средба со претставник на Светска банка

    Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Јово Вангеловски, во просториите на Врховниот суд на Република Северна Македонија на 06 јуни 2019 година, оствари средба со претставник на Светска банка, г-дин Срѓан Свирцев, виш специјалист за јавен сектор. На средбата присуствуваа и м-р Фаик Арслани, судија на Врховниот суд на Република Северна Македонија и членови на кабинетот на претседателот. [повеќе]
  • Известувања  | 31.5.2019 | Врховен суд на Република Северна Македонија

    Средба со коизвестители на Мониторинг комисијата на Парламентарното собрание на Совет на Европа

    Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Јово Вангеловски, во просториите на Врховниот суд на Република Северна Македонија на 30 мај 2019 година, оствари средба со г-ѓа Лисе Кристоферсен, Норвешка, Група на Социјалисти, Демократи и Зелени, г-дин Валериу Гилечи, Молдавија, Група на Европска народна партија - коизвестители на Мониторинг комисијата на Парламентарното собрание на Совет на Европа и г-ѓа Силви Афхолдер, секретар на Мониторинг комисијата. На средбата присуствуваше и м-р Фаик Арслани, судија кој го заменува претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија и членови на кабинетот на претседателот. [повеќе]
  • Новости  | 31.5.2019 | Врховен суд на Република Северна Македонија

    IX Конференција на претседателите на врховните судови од Централна и Источна Европа

    Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Јово Вангеловски на покана на Врховниот суд на Република Словачка учествуваше во работата на Деветтата по ред конференција на претседатели на врховни судови од Централна и Источна Европа, која се одржа од 26 до 29 мај 2019 година во Братислава, Република Словачка. [повеќе]
  • Известувања  | 30.5.2019 | Врховен суд на Република Северна Македонија

    Презентација на Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Република Северна Македонија во европските интеграции

    На покана на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, а поради службено отсуство на претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, судијата кој го заменува претседателот, Фаик Арслани, присуствуваше на презентацијата на Извештајот на Европската Комисија за напредокот на нашата земја во европските интеграции за 2019 година, која се одржа во претседателската Вила Водно на 29 мај 2019 година. [повеќе]
  • Известувања  | 27.5.2019 | Врховен суд на Република Северна Македонија

    СООПШТЕНИЕ

    Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека на 23 мај 2019 година, донесе решение по предметот заведен под Вкж1.бр.31/2019, со кое ги уважи жалбите на обвинетите М.Ц., А.С.и Х.Д., решението на Апелациониот суд Скопје го преиначи на начин што ги укина мерките куќен притвор и спрема обвинетите определи мерки на претпазливост - привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање на друга патна исправа за преминување на државната граница на име на обвинетите, забрана обвинетите да ја напуштат територијата на Република Северна Македонија и обврска еднаш неделно да се јавуваат во Основниот суд Скопје I Скопје, кај службено лице определено од судот. [повеќе]
  • Новости  | 10.5.2019 | Врховен суд на Република Северна Македонија

    СООПШТЕНИЕ

    На покана на НЕ Самуел Жбогар, шеф на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, г-ѓа Маја Жбогар и г-ѓа Дубравка Негре, шеф на регионалната застапеност на Европската инвестициона банка за Западен Балкан, претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Јово Вангеловски, присуствуваше на свеченост по повод одбележувањето на 9 Mај - Ден на Европа, која се одржа во Изложбен центар Матка во Скопје. [повеќе]
  • Соопштенија за јавност  | 08.5.2019 | Врховен суд на Република Северна Македонија

    Свечена церемонија за пречек на Папата Франциск во Република Северна Македонија

    Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Јово Вангеловски, заедно со останатите претставници на државниот врв и претставници на дипломатскиот кор, присуствуваше на официјалната свечена церемонија за пречек на Поглаварот на Римокатоличката црква, Неговата Светост Папата Франциск, на која домаќин беше Претседателот на Република Северна Македонија, д-р Ѓорге Иванов, а се одржа на 07 мај 2019 година во претседателската резиденција. Неговата Светост Папата Франциск до македонските граѓани упати порака за мир, соживот и поголема љубов кон бога и кон луѓето, а неговата посета има огромно историско значење за Република Северна Македонија. [повеќе]
  • Соопштенија за јавност  | 25.4.2019 | Врховен суд на Република Северна Македонија

    Известување за јавност

    Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија за разгледување на извештаите за работата на судовите за 2018 година. [повеќе]
  • Новости  | 12.4.2019 | Врховен суд на Република Северна Македонија

    Средба со претставници од Британската амбасада во Република Северна Македонија

    Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Јово Вангеловски, на 11 април 2019 година оствари средба со г-дин Том Галовеј и г-а Искра Андреева од Британската амбасада во Република Северна Македонија. На средбата присуствуваа и Рахилка Стојковска, судија на Врховниот суд на Република Северна Македонија и г-дин Жарко Хаџи-Зафиров, претставник од Центарот за правни истражувања и анализи. [повеќе]
  • Известувања  | 29.3.2019 | Врховен суд на Република Северна Македонија

    СООПШТЕНИЕ

    Поради зголемениот интерес на медиумите во врска со предметот познат под името „Империја“, ја информираме јавноста дека Врховниот суд на Република Северна Македонија на 27 март 2019 година, донесе решение по предметот заведен под ВКЖ1.бр.19/2019, со кое ја уважи жалбата на бранителот на обвинетиот С.М., адвокат Љупчо Шврговски од Скопје и решението на Апелациониот суд Скопје КСЖ.бр.116/19 од 28.02.2019 година го преиначи на начин што ја укина мерката куќен притвор и го пушти обвинетиот да се брани од слобода веднаш по приемот на решението. [повеќе]

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_