Сите вести [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести сите

Година
Категорија

  • Известувања  | 13.3.2020 | Врховен суд на Република Северна Македонија

    Соопштение за јавност

    Советот за одлучување по жалба при Врховниот суд на Република Северна Македонија на денешната седница расправаше по повод жалбата на Рахилка Стојковска – судија на Врховниот суд на Република Северна Македонија, поднесена против одлуката на Судскиот совет на Република Северна Македонија бр.08-11/32 од 24.09.2019 година за нејзино разрешување од вршење на судиска функција, и истата ја одби како неоснована и го потврди решението на Судскиот совет на Република Северна Македонија. [повеќе]
  • Известувања  | 10.3.2020 | Врховен суд на Република Северна Македонија

    Соопштение за јавност

    Жалбениот совет при Врховниот суд на Република Северна Македонија на вчерашната седница расправаше по повод поднесената жалба од поранешниот Претседател - судија Јово Вангеловски, поднесена против одлуката на Судскиот совет на Република Северна Македонија бр.08-11/30 од 23.09.2019 година за негово разрешување од вршење на судиска функција. [повеќе]
  • Соопштенија за јавност  | 04.3.2020 | Врховен суд на Република Северна Македонија

    СООПШТЕНИЕ ОД ОПШТАТА СЕДНИЦА НА ВРХОВНИОТ СУД НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

    I. Општата седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија одржана на 03.03.2020 година, одлучи по барањата за изземања на членови на жалбените совети по два предмети оформени (заведени) по жалба пред Врховниот суд, против одлуката на Судскиот совет за разрешени судии, при што истите не ги прифати. II. Расправајќи за актуелните состојби на судството, Општата седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија, донесе соодветни заклучоци, при што го дава следното соопштение: [повеќе]
  • Новости  | 03.3.2020 | Врховен суд на Република Северна Македонија

    Меморандум за формирање на Координативно тело за следење на конзистентноста и подобрување на легислативата

    Во просториите на Врховниот суд на Република Северна Македонија на 2 март 2020 година, од страна на ВД претседателот на Врховниот суд, м-р Фаик Арслани, претседателот на Вишиот управен суд и претседателите на апелационите судови, се потпиша Меморандум за формирање на Координативно тело за следење на конзистентноста и подобрување на легислативата. [повеќе]
  • Новости  | 02.3.2020 | Врховен суд на Република Северна Македонија

    Состанок на високо ниво на Глобалната мрежа за интегритет на судството

    Делегација на Врховниот суд на Република Северна Македонија, составена од вд претседателот м-р Фаик Арслани, судијата Беса Адеми и генералниот секретар на Судот, Соња Груевска, учествуваше во работата на вториот по ред состанок на високо ниво на Глобалната мрежа за интегритет на судството на тема „Минато, сегашност, иднина“, кој се одржа од 24 до 27 февруари 2020 година во Доха, Катар. [повеќе]
  • Новости  | 20.2.2020 | Врховен суд на Република Северна Македонија

    Соопштение за јавен оглас број 1/2020

    Ве известуваме дека постапка за вработување на 5 (пет) лица на определено време во Врховен суд на Република Северна Македонија, по оглас број 1/2020 се става во мирување, поради донесено Решение од Претседателот на Собранието на Република Македонија со број 09-1422/2 на 16.02.2020 година за распишување на предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија. [повеќе]
  • Новости  | 12.2.2020 | Врховен суд на Република Северна Македонија

    ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2020

    Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работни односи (“Службен весник на РМ” бр.74/15 и бр.120/18), како и член 59 и 60 од Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во Врховниот суд на Република Македонија 03Су.бр.893/18 од 12.12.2018 година и согласност од Министерство за финансии бр.18-12242/2 од 31.12.2019 година [повеќе]
  • Новости  | 04.2.2020 | Врховен суд на Република Северна Македонија

    СООПШТЕНИЕ

    Делегација на Врховниот суд на Република Северна Македонија, предводена од ВД претседателот на Судот, м-р Фаик Арслани, на покана на претседателот на Европскиот суд за човекови права, присуствуваше на традиционалната свеченост по повод годишната работа на Европскиот суд за човекови права во Стразбур. [повеќе]
  • Новости  | 24.1.2020 | Врховен суд на Република Северна Македонија

    Средба со амбасадорот на САД во Република Северна Македонија

    ВД Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, м-р Фаик Арслани, во просториите на Врховниот суд на Република Северна Македонија на 21 јануари 2020 година, оствари средба со амбасадорот на САД во Република Северна Македонија, НЕ Кејт Мари Брнс, која беше придружувана од г-а Дајана Палеквин, политички советник и г-а Кристина Каранакова, политички аналитичар. [повеќе]
  • Соопштенија за јавност  | 22.1.2020 | Судски совет на РСМ

    Информација

    Поради истекување на мандатот на досегашниот член на Судскиот совет на РСМ Шемседин Јусуфи... [повеќе]

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_