Оглас за избор на судии поротници [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Оглас за избор на судии поротници

Njoftime, Risi, Njoftim për opinionin  |  13 Kor 2021
Оглас за избор на судии поротници

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
ОСНОВЕН СУД БЕРОВО
Су.бр.14/2021 година
13.07.2021година
БЕРОВО
     Основен суд Берово, врз основа на чл.38 ст.3 од Законот за судовите (Сл.весник на РСМ бр.58/06), чл.7 од Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите (Сл.весник на РСМ 83/2018) и Одлуката бр.02-2158/1 од 10.12.2015 година на Судски совет на Република Северна Македонија (Сл.весник на РСМ бр.219/15 од 14.12.2015 година), а во врска со потребата од избор на судии поротници поради истек на мандатот на ден 04.07.2021 година, денес на ден 13.07.2021 година, го објавува следниот:

О Г Л А С
за избор на 10 судии-поротници во Основен суд Берово


 
 
I. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
 
1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
2. да има завршено најмалку средно образование
3. активно да го владее македонскиот јазик
4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
5. да не е постар од 60 години.
 
II. За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.
 
III. Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:
-Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),
-Уверение за државјанство (не постаро од 6 месеци),
-Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање, не постара од 6 месеци).
 
IV. Пријавата со потребните документи и телефон за контакт да се достават до Основен суд Берово (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.Кеј на Младина бб, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.


                            ОСНОВЕН СУД БЕРОВО
                                   ВД Претседател
                                   Илија Стојанов

 

 

Пријава за судија поротник може да ја преземете на следниов линк: Пријава

   


Kërkoni aktgjykime/aktvendime

Gjykata
Numri i lëndës
Data
_