Европски ден на правдата
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Европски ден на правдата
Дваесет и петти октомври е Европски ден на правдата, кој секоја година се одбележува во сите држави во Европа. Одбележувањето на Европскиот ден на правдата е со цел на граѓаните во Европа да им се овозможи одблизу да бидат запознаени со нивните основни права. Иницијативата за одбележување на овој ден потекнува од Европската комисија и од Советот на Европа, Овој ден посебно се одбележува со организирање на отворени денови во судовите, средби на адвокатите, судиите, медијаторите, нотарите со граѓаните, извршителите со граѓаните, давање информации и совети на граѓаните, симулации на судење и сл.
За таа цел на 25-ти Октомври Основениот суд Берово ќе биде отворен за јавноста при што граѓаните ке можат да го посетат судот, да се интересираат за нивните права, за работата на судот како и за разгледување на просториите и начинот на функционирање на судот во целина.
Поради моменталната состојба со КОВИД пандемијата бараме сите заинтересирани за настанот кои ќе дојдат во судот да ги почитуваат мерките на заштита од вирусот.