За судиите
ActionsЗа судиите
Во Основниот суд Битола се ангажирани за решавање на предмети 11 судии. Со одлука на Судскиот совет на РС Македонија, еден судија е делегиран да ја извршува судската функција во Основниот суд Прилеп и еден судија е делегиран да ја извршува судската функција во Основниот суд Крушево.
Претседател
CV на Претседател
Судија Татјана Петровска
Образование:
- Дипломирала на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ Битола – Правен факултет Битола, во Јуни 1986 година;
- Положила правосуден испит Октомври 2003 година;
- Прва генерација на слушатели во Академијата за судии и јавни обвинители на РМ во периодот 2007 – 2008 година, со стекнат статус на кандидат за судија, односно кандидат за јавен обвинител;
- Магистрирала на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ Битола – Правен факултет Кичево со дисперзирани студии во Битола, со стекнат статус „Магистер по правни науки“.
Работно искуство:
- Од октомври 1989 година, до Јуни 1991 година, во Народниот Театар Битола, како Секретар;
- Од Јуни 1991 до Мај 1996 година, во БИД Мисирков“ Битола, како Секретар;
- Од Мај 1996 до Ноември 2000 година, во приватна фирма како Секретар;
- Од Септември 2002 година, до Декември 2005 година, Апелационен суд во Битола, како Судски приправник и како Стручен соработник;
- Од Мај 2006 до Октомври 2006 година, кај Извршител Жанета Пријевиќ, како Помошник извршител;
- Од Октомври 2006 до Јули 2009 година, во КПУ Затвор Битола, како Заменик директор;
- Од Јули 2009 година, до Октомври 2023 година, во Основниот суд Битола, како Судија – кривична материја;
- Од Октомври 2023 година, до денес во Основниот суд во Битола, како Претседател.
Објавени трудови и активности:
- Од Октомври 2006 година – две години, член во Комисијата за жалби по јавни набавки;
- Од 2015 година, до Октоври 2023 година, координатор и ментор по кривична материја во практичниот дел на слушателите на Академијата за судии и јавни обвинители
- Од 2020 година, до денес предавач по кривична материја во Академијата за судии и јавни обвинители;
- Посетила и успешно завршила голем број на курсеви и семинари на најразлични теми организирани преку Академијата за судии и јавни обвинители, Американска абасада, Италијанска амбасада, Амбасада на Шпанија, Амбасадата од Холандија, УНИЦЕФ, OSCE, UNDP, USAID, TAEX и други во рамките на функцијата судија од кривично право, право на Европска Унија, Меѓународно право и право на Европскиот суд за човекови права. Стекнати се сертификати за обучувач, предавач и ментор во Академијата за судии и јавни обвинители, голем број на сертификати за завршена обука од областа за кривичното право, вклучително за кривични дела од Кривичниот законик, кривично дело од омраза и кривични дела според Законот за правда за децата.
- Студиска посета во летната школа за судии на тема конфискација на имот и имотна корист во Варна Р. Бугарија, завршена школа во ИЛЕА – Академијата во Будимпешта Р. Унгарија, на тема спречување на корупција и борба против корупција, студиска посета на судовите во Букурешт Р. Романија, посета на школи за изучување на англиски јазик за судии и јавни обвинители.
Судиите
Судија Александар Илиевски
Судија Александар Илиевски
Судија Цветанка Никодиноска
Судија Цветанка Никодиноска
Образование:
Работно искуство:
Родена сум на ден 04.08.1981г. во Битола каде и живеам. Омажена сум и мајка на две малолетни деца.
Избрана сум за судија во Основен Суд Битола на ден 05.06.2013г. и работам на кривична и прекршочна материја и претходна постапка, положив правосуден испит 2008г. при Министерство за правда на РМ, Скопје.
Предходно работев како адвокат во адвокатската канцеларија на Ѓорѓи Пили од Битола, а во периодот од 01.01.2010г., се до изборот на судија во Основен суд Битола, а од 2005 година во истата канцеларија стажирав и бев адвокатски стручен соработник.
Објавени трудови и активности:
Имам присуствувано на повеќе од 90 обуки кои ги има организирано како Академијата за судии и јавни обвинители, така и друг организации од областа на кривично правната матарија, како и сите обуки за новиот ЗКП.
Судија Дејан Крстанов
Судија Дејан Крстанов
Судија Елена Журовска
Судија Елена Журовска
Судија Горан Димовски
Судија Горан Димовски
Судија Хаџо Тариќ
Судија Хаџо Тариќ
Образование:
Роден сум на 16.04.1964 година во с.Житоше, Општина Долнени – Прилеп.Основно образование завршив во с.Житоше 1978 година , гимназија завршив во Крушево 1982 година, завршив Правен факултет во Битола 1987 година, , положив правосуден испит 1997 г при Министерството за правда на РМ, Скопје.
Работно искуство:
Избран сум за судија во Основен суд Битола на ден 07.12.2010 г и работам на прекршочна материја и претходна постапка.
Претходно работев како адвокат во сопствена адвокатска канцеларија во Прилеп, во периодот од 01.04.2001 г, се до изборот на судија во Основен суд Битола.
Објавени трудови и активности:
Имам присуствувано на повеќе од 170 обуки кои ги има организирано како Академијата за судии и јавни обвинители, така други организации од областа на кривично правната материја, како и сите обуки за новиот ЗКП.