Слободен пристап до информации
ActionsСлободен пристап до информации
Врз основа на член 9 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Сл. весник на РМ“ бр. 13/06) и член 3 од Упатството за начинот и постапката за спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер Основен Суд Битола ја изготви следната
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Листата на информации од јавен карактер на Основен Суд Битола ја сочинуваат следните групи на информации:
- Општи информации за судот
(Општи податоци, Надлежности, Историјат, Структура на судска зграда, Годишни и месечни извештаи, За судиите, Статистика на судот) - Судска Власт
- Судска пракса:
(Одлуки на основниот суд) - Контакт информации
(редовно одговарање на поставените прашања) - Дополнување во делот за формулари со уплатните сметки на Основен Суд Битола
- Огласи за работа
- Тендери за јавни набавки
- Анкети
- Месечни извештаи за работата на судот
- Соопштение за јавноста за новоизбрани судии
Граѓаните на Република Македонија можат да добијат информација од јавен карактер што ја изготвило или со која располага Основен Суд Битола со пополнување на Барање за пристап до информации од јавен карактер, коешто може да го добијат во архивата на Основен Суд Битола или да го симнат тука.
Основен Суд Битола согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, со решение СУ бр. 1/23-1 од 17.01.2023, за службено лице за посредување со информации ја определи судскиот соработник Билјана Секуловска Гагачева.
Преземање