Соопштение до јавноста [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение до јавноста

Новости  |  11.8.2025

Oпределен притвор спрема едно лице

Основниот суд Битола постапувајќи по предлогот за определување на притвор на Основното јавно обвинителство Битола КО.бр.499/25 од 05.08.2025 година, донесе решение К-ПП-135/25 од 05.08.2025 година, со кое на едно лице му определи мерка притвор во траење од 30 (триесет) дена, поради постоење на причините предвидени во член 165 став 1 точка 1, точка 2 и точка 3 од Законот за кривичната постапка, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 в.в. со член 45 од Крвичниот законик.

Против донесеното решение странките имаат право на жалба во рок од 24 часа по приемот на решението, до советот од член 25 став 5 од Законот за кривичната постапка.

 

Со почит Основен суд Битола.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_