Соопштение до јавноста
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение до јавноста
Oпределен притвор спрема две лица
Основниот суд Битола постапувајќи по предлогот за определување на притвор на Основното јавно обвинителство Битола КО.бр.504/25 од 08.08.2025 година, донесе решение К-ПП-139/25 од 08.08.2025 година, со кое на двете лица му определи мерка притвор во траење од 30 (триесет) дена, поради постоење на причините предвидени во член 165 став 1 точка 2 и точка 3 од Законот за кривичната постапка, поради основано сомнение дека сториле кривично дело „Тешка кражба“ од член 236 став 4 в.в. со член 22 од Крвичниот законик во врска со член 45 став 1 од Крвичниот законик.
Против донесеното решение странките имаат право на жалба во рок од 24 часа по приемот на решението, до советот од член 25 став 5 од Законот за кривичната постапка.
Со почит Основен суд Битола.