Соопштение за јавност - определен куќен притвор спрема едно лице
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение за јавност - определен куќен притвор спрема едно лице
Основниот суд Битола постапувајќи по предлогот за определување на притвор на Основното јавно обвинителство Битола КО.бр.619/25 од 09.10.2025 година, донесе решение К-ПП-179/25 од 09.10.2025 година, со кое на едно лице му определи мерка куќен притвор во траење од 30 (триесет) дена, поради постоење на причините согласно член 165 став 1 точка 1 в.в. со член 163 став 1 од Законот за кривичната постапка, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „Злоупотреба на постапката за јавен повик,доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ од член 275-в став 3 в.в со став 1 в.в со член 45 од Кривичен законик.
Против решението дозволена е жалба во рок од 24 часа по приемот на истото преку судијата на претходна постапка до советот од чл.25 ст.5 од ЗКП на овај суд.
Со почит Основен суд Битола.