Соопштение [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение

Новости  |  06.10.2022
На ден 05.10.2022 година, се склучи Меморандум за соработка помеѓу Основен суд Битола и СОEУ ,,Јане Сандански,, од Битола

На ден 05.10.2022 година, се склучи Меморандум за соработка помеѓу Основен суд Битола и СОEУ ,,Јане Сандански,, од Битола.

Основната цел на Меморандумот е овозможување на учениците од средното економско училиште во Битола, во рамки на образовниот процес преку практична настава да се запознаат со работата на судот како и да стекнат потребни знаења и вештини што ќе им помогнат во нивната идна професионална определба насочена кон унапредување на едукативните, истражувачките и апликативните активности од областа на судството.

Од друга страна, вклучувањето на учениците од СОEУ ,,Јане Сандански,, од Битола ќе овозможи зголемен интерес за нивно вклучување во започнатиот процес на дигитализација на правосудството.

Преку соработката на судот со средните училишта се очекува да се реализираат заложбите за отворено судство и граѓанско учество со зголемен пристап на младите сограѓани во однос на работата на Основниот суд Битола, чија главна цел е зајакнување на довербата на граѓаните во остварување на заштита на нивните права.

 

 

ОСНОВЕН СУД БИТОЛА

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_