ЈАВEН ОГЛАС [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

ЈАВEН ОГЛАС

Announcements  |  Oct 8, 2024
за избор на 25 судии-поротници

ОСНОВЕН СУД БИТОЛА

СУ бр. 04- 25 /24

07.10.2024 година

Битола

Врз основа на член 42, 43 и 49 од Законот за судовите („Сл.в. на РМ“ број 58/06,62/06,35/08,150/1083/18 и 198/18 и Сл. весник на РСМ 96/19 )

 

ОСНОВЕН СУД БИТОЛА

објавува

Ј А В Е Н О Г Л А С

за избор на 25 судии-поротници

ОСНОВНИОТ СУД Битола на Судскиот совет на Република Северна Македонија ќе му предложи 25 кандидати за избор на судии –поротници за време од 4 години.

Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат условите од член 42 став 2 од Закон за судови („Сл.весник на РМ“ број 8/06, 58/06 , 62/06, 35/08, 150/10, 83/18 и 96/19) и тоа :

За судија - поротник може да биде избран полнолетен државјанин на Република Северна Македонија, со завршено најмалку средно образование,  активно да го владее македонскиот јазик, да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник и не е постар од 60 години

За судење на малолетници се избира кандидат од редот на лица со искуство во воспитанието и образованието на младите.

За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РМ е во сродство во права линија или во странична линија до трети степен или е негов брачен другар.

Заинтересираните кандидати кон пријавата да приложат, во оригинал или копии заверени на нотар:

уверение за државјанство на Република Северна Македонија;

- уверение за завршено образование

- Потврда од казнена евиденција и

- изјава (заверена на нотар) дека кандидатот со судија или судија-поротник во Основен суд Битола и со член на Судскиот совет на Република Северна Македонија не е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

Документите да се достават до Основен суд Битола, Бул. 1-ви мај бр.63 Битола во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.


 

ОСНОВЕН СУД БИТОЛА

Претседател

м-р Татјана Петровска

   


Decision search

Court
Case number
Date
_