ЈАВЕН ОГЛАС бр.4/2018 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

ЈАВЕН ОГЛАС бр.4/2018

Новости  |  28.12.2018
За вработување на 6 - шест - судски службеници на неопределено време.

ОСНОВЕН СУД БИТОЛА

СУ бр. 04-63/18

 27.12.2018 год.

Б и т о л а                

 

            Врз основа на чл.17 од Законот за судска служба (Сл.весник на РМ  бр.43/14, 33/15, 98/15, 61/160)  и Законот за измена и дополнување на Законот за судска слуќба ( Сл. Весник на РМ 198/18 од 31.10.2018 година, ) во врска со Правилникот за форма и содржина на јавниот оглас, формата , содржината и начинот на поднесување на пријавата, на спроведување на административната селекција, на испитите, проверката на веродостојност на доказите и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови во постапката за селекција во зависност од категориите на работни места , како и други прашања во врска со постапката за вработување на судски службеници ( Сл. Весник на РМ бр. 236/18 од 24.12.2018 година), Основен суд Битола објавува:

 

                                               ЈАВЕН ОГЛАС бр. 4 /2018

 

             За вработување на 6- шест судски службеници на неопределено време за следните  работни места:

 

1. Категорија ,,В,, ниво ,,В-3,, Судски соработник – 2 (два) извршители

 

  Услови што се бараат за вршење на работата:

 

   Стручни квалификации:

 

   Стекнати најмалку 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен правен факултет и положен правосуден испит.

 

    Работно искуство:

 

  - Најмалку 1 години работно искуство во струката.

 

   Посебни работни компетенции:

 

 - активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија  (англиски, француски, германски)  

 -    активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

- други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работни места за соодветното работно место

   Општи услови:

 

- да е државјанин на Република Македонија

- активно да го користи македонскиот јазик

- да е полнолетен

- да има општа здравствена способност за работното место

- да не му е изречена казна со правосилна судска пресуда за забрана на вршење на професија, дејност или должност.

 

   Нето платата на судскиот службеник ќе изнесува 24.370,оо денари. Работни часови неделно :40 часа; Работно време од 07:30 до 15:30 ; Дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот;Работни денови : од понеделник до петок.

 

2. Категорија ,,Г,, ниво ,,Г-2,, Виш судски референт-извршител во писарница -                

                                                                           1(еден) извршител

 

  Услови што се бараат за вршење на работата:

 

   Стручни квалификации:

 

   Најмалку више или средно образование .

 

    Работно искуство:

 

  -  Најмалку 2-две години работно искуство во струката.

 

   Посебни работни компетенции:

  - активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија  (англиски, француски, германски)

-активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

- други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работни места за соодветното работно место

   Општи услови:

- да е државјанин на Република Македонија

- активно да го користи македонскиот јазик

- да е полнолетен

- да има општа здравствена способност за работното место

- да не му е изречена казна со правосилна судска пресуда за забрана на вршење на професија, дејност или должност

 

   Нет платата на судскиот службеник ќе изнеусва 16.856,оо денари. Работни часови неделно :40 часа; Работно време од 07:30 до 15:30 ; Дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот;Работни денови : од понеделник до петок.

 

3. Категорија ,,Г,, ниво ,,Г-4,, Помлад судски рефернт- доставувач –

                                                                   2(два) извршители

 

  Услови што се бараат за вршење на работата:

 

   Стручни квалификации:

 

   Стекнати најмалку вишо или средно образование.

 

    Работно искуство:

 

  -  со или без работно искуство во струката.

 

   Посебни работни компетенции:

  - активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија  (англиски, француски, германски)

-    активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

- други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работни места за соодветното работно место

   Општи услови:

- да е државјанин на Република Македонија

- активно да го користи македонскиот јазик

- да е полнолетен

- да има општа здравствена способност за работното место

- да не му е изречена казна со правосилна судска пресуда за забрана на вршење на професија, дејност или должност.

 

   Нет платата на судскиот службеник ќе изнесува 15.220,оо денари. Работни часови неделно :40 часа; Работно време од 07:30 до 15:30 ; Дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот;Работни денови : од понеделник до петок.

 

4. Категорија ,,А,, ниво ,,А-2,,  Судски администратор – 1 (еден) извршител

 

  Услови што се бараат за вршење на работата:

 

   Стручни квалификации:

 

   Стекнати најмалку 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен правен факултет и положен правосуден испит.

 

    Работно искуство:

 

  - Најмалку 6 години работно искуство во струката по  положен правосуден испит.

 

   Посебни работни компетенции:

 

  - активнопознавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија  (англиски, француски, германски)  

 -    активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

- други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работни места за соодветното работно место

   Општи услови:

 

- да е државјанин на Република Македонија

- активно да го користи македонскиот јазик

- да е полнолетен

- да има општа здравствена способност за работното место

- да не му е изречена казна со правосилна судска пресуда за забрана на вршење на професија, дејност или должност.

 

   Нето платата на судскиот службеник ќе изнесува 38.481,оо денари. Работни часови неделно :40 часа; Работно време од 07:30 до 15:30 ; Дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот;Работни денови : од понеделник до петок.

 

        Кандидатите се должни да  се пријават на огласот со  Пријава за вработување на судски службеник и истата можат да ја подигнат во Основен суд Битола  од телефонската централа или  да ја симнат од веб страната на судот www osbitola.mk во рубрика формулари-документи.

 

        Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Кон пријавата кандидатите задолжително  ги доставуваат доказите за податоци внесени во истата :

  • Доказ за државјанство,
  • Уверение/диплома за степен на образование,
  • Уверение, сертификат, диплома за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија
  • Потврда за работа со компјутерстки програми за канцелариско работење
  • Историјат на вработување издаден од Агенција за вработување на РМ ( за кандидатите каде се докажува работно искуство)
  • Доказ дека има општа здравствена способност за работното место
  • Доказ дека не му е изречена со правосилна судска пресуда казна забрана за вршење на дејност , професија или должност

 

         Пополнетата пријава, заедно со доказите за исполнување на општите и посебните услови(  за стручните квалификации, работното искуство и посебните работни компетенции ) кандидатите се должни да ги достават непосредно преку приемната писарница на судот или преку   пошта со назнака за Оглас бр.4 /2018,  на следната адреса:

       Основен суд Битола , ул.Булевар 1 - ви Мај бр.ББ

 

            Рокот за пријавување трае 15 (петнаесет)  дена сметано од денот на  објавувањето на огласот во дневните весници( не сметајќи го денот на објавувањето).

 

        Пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја следна фаза од постапката за селекција на судски службеник, на интернет страницата на Основен суд Битола.

 

Јавен оглас бр 4/2018 [.pdf]

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_