СООПШТЕНИЕ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ
ОСНОВЕН СУД БИТОЛА
СЛ бр. 53/24
24.10.2024 година
Битола
СООПШТЕНИЕ
25.10.2024 година
ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ЕВРОПСКИ ДЕН НА ГРАЃАНСКА ПРАВДА
25-ти Октомври е Европски ден на граѓанска правда што секоја година се одбележува во сите држави на Европа.
Целта за негово одбележување во сите европски држави е правдата да се доближи до граѓаните и тие да се запознаат со нејзиното спроведување.
Интенцијата за одбележување на Европскиот ден на граѓанска правда е на граѓаните да им се овозможи одблизу да се запознаат со нивните основни права во повеќе области како и со функционирање на системот на правосудството во поширока смисла (пристап до правдата, медијација, извршување на судските одлуки).
За таа цел во Основен суд Битола на 25.10.2024 година се организира отворен ден за граѓаните. Секој заинтересиран граѓанин може да присуствува на судењата кои се јавни, може да добие информации за работата на судот .
Контакт телефон 047-221-331
Со почит,
ОСНОВЕН СУД БИТОЛА
Претседател
м-р Татјана Петровска