ЈАВЕН ОГЛАС бр. 1/2019
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
ЈАВЕН ОГЛАС бр. 1/2019
ОСНОВЕН СУД БИТОЛА
СУ бр. 04-1/19
10.01.2019 година
Б и т о л а
Врз основа на чл.18 став 1 алинеја 2 и став 6 од Законот за судска служба(„Сл.весник на РМ„ бр.43/15,98/15, 33/15,6/16 и 198/18 ) во врска со член 22 и член 23 од Законот за работни односи ,Основен суд Битола објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС бр. 1/2019
За вработување на судски службеници и лица за технички-помошни работи на определено време и тоа за следните работни места:
1. Виш судски соработник категорија ,,В,, ниво ,,В-2,, - 2(два) извршители
Услови што се бараат за вршење на работата:
Стручни квалификации:
Стекнати најмалку 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен правен факултет и положен правосуден испит.
Работно искуство:
- Најмалку 2 години работно искуство во струката.
Посебни работни компетенции:
- Активно познавање на комјутерски програми за канцелариско работење,
- Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски) .
Општи услови:
- да е државјанин на Република Македонија
- активно да го користи македонскиот јазик
- да е полнолетен
- да има општа здравствена способност за работното место
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна за забрана на вршење на професија, дејност или должност.
Платата на судскиот службеник ќе изнеусва 25.948,00 денари. Работни часови неделно :40 часа; Работно време од 07:30 до 15:30 ; Дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот;Работни денови : од понеделник до петок.
2. Судски советник категорија ,,В,, ниво ,,В-1,, - 2(два) извршители
Услови што се бараат за вршење на работата:
Стручни квалификации:
Стекнати 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен правен факултет и положен правосуден испит.
Работно искуство:
- Најмалку 3 години работно искуство во струката.
Посебни работни компетенции:
- Активно познавање на комјутерски програми за канцелариско работење
- Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија(англиски, француски или германски) .
Општи услови:
- да е државјанин на Република Македонија
- активно да го користи македонскиот јазик
- да е полнолетен
- да има општа здравствена способност за работното место
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна за забрана на вршење на професија, дејност или должност.
Платата на судскиот службеник ќе изнеусва 27.526,00 денари. Работни часови неделно :40 часа; Работно време од 07:30 до 15:30 ; Дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот;Работни денови : од понеделник до петок.
3. Судски соработник категорија ,,В,, ниво ,,В-3,, - 2(два) извршители
Услови што се бараат за вршење на работата:
Стручни квалификации:
Стекнати најмалку 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен правен факултет и положен правосуден испит.
Работно искуство:
- Најмалку 1 години работно искуство во струката.
Посебни работни компетенции:
- Активно познавање на комјутерски програми за канцелариско работење,
- Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија(англиски, француски или германски)
Општи услови:
- да е државјанин на Република Македонија
- активно да го користи македонскиот јазик
- да е полнолетен
- да има општа здравствена способност за работното место
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна за забрана на вршење на професија, дејност или должност.
Платата на судскиот службеник ќе изнеусва 24.370,00 денари. Работни часови неделно :40 часа; Работно време од 07:30 до 15:30 ; Дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот;Работни денови : од понеделник до петок.
4. Помлад судски соработник категорија ,,В,, ниво ,,В-4,, - 3(три) извршители
Услови што се бараат за вршење на работата:
Стручни квалификации:
Стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен правен факултет
Работно искуство:
- Со или без работно искуство во струката.
Посебни работни компетенции:
- Активно познавање на комјутерски програми за канцелариско работење,
- Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија(англиски, француски или германски)
Општи услови:
- да е државјанин на Република Македонија
- активно да го користи македонскиот јазик
- да е полнолетен
- да има општа здравствена способност за работното место
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна за забрана на вршење на професија, дејност или должност.
Платата на судскиот службеник ќе изнеусва 23.099,00 денари. Работни часови неделно :40 часа; Работно време од 07:30 до 15:30 ; Дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот;Работни денови : од понеделник до петок.
5. Раководител на одделение за материјално и финансиско работење категорија ,,Б,, ниво ,,Б-4,, - 1(еден) извршител
Услови што се бараат за вршење на работата:
Стручни квалификации:
Стекнати најмалку 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен .
Работно искуство:
- Најмалку 4 години работно искуство во струката по положен правосуден испит.
Посебни работни компетенции:
- Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски)
- Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
Општи услови:
- да е државјанин на Република Македонија
- активно да го користи македонскиот јазик
- да е полнолетен
- да има општа здравствена способност за работното место
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна за забрана на вршење на професија, дејност или должност.
Платата на судскиот службеник ќе изнеусва 30.550,00 денари. Работни часови неделно :40 часа; Работно време од 07:30 до 15:30 ; Дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот;Работни денови : од понеделник до петок.
6. ,,Хигиеничар – 2 (два) извршители
Услови што се бараат за вршење на работата:
Стручни квалификации:
Стекнато средно или основно образование
Работно искуство:
- Со или без работно искуство во струката.
Општи услови:
- да е државјанин на Република Македонија
- активно да го користи македонскиот јазик
- да е полнолетен
- да има општа здравствена способност за работното место
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна за забрана на вршење на професија, дејност или должност.
Платата на вработениот ќе изнеусва 12.123,оо денари. Работни часови неделно :40 часа; Работно време од 13:00 до 21:00 . Дневна пауза од 15:30 до 16:00 часот. Работни денови : од понеделник до петок.
7. Судски референт –дактилограф , категорија ,,Г,, ниво ,,Г-3,, - 3(три) извршители
Услови што се бараат за вршење на работата:
Стручни квалификации:
Стекнати најмалку вишо или средно образование.
Работно искуство:
- најмалку 1 година работно искуство во струката.
Посебни работни компетенции:
- Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски)
- Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
Општи услови:
- да е државјанин на Република Македонија
- активно да го користи македонскиот јазик
- да е полнолетен
- да има општа здравствена способност за работното место
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна за забрана на вршење на професија, дејност или должност.
Платата на судскиот службеник ќе изнесува 16.450,оо денари. Работни часови неделно :40 часа; Работно време од 07:30 до 15:30 ; Дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот;Работни денови : од понеделник до петок.
8. Самостоен судски рефернт- водител на писарница категорија ,,Г,, ниво ,,Г-1,,
- 4(четири) извршители
Услови што се бараат за вршење на работата:
Стручни квалификации:
Стекнати најмалку вишо или средно образование.
Работно искуство:
- најмалку 3 години работно искуство во струката.
Посебни работни компетенции:
- Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски)
- Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
Општи услови:
- да е државјанин на Република Македонија
- активно да го користи македонскиот јазик
- да е полнолетен
- да има општа здравствена способност за работното место
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна за забрана на вршење на професија, дејност или должност.
Платата на судскиот службеник ќе изнесува 18.742,оо денари. Работни часови неделно :40 часа; Работно време од 07:30 до 15:30 ; Дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот;Работни денови : од понеделник до петок.
9. Виш судски рефернт- извршител во писарница категорија ,,Г,, ниво ,,Г-2,,
- 3(три) извршители
Услови што се бараат за вршење на работата:
Стручни квалификации:
Стекнати најмалку вишо или средно образование.
Работно искуство:
- најмалку 2 години работно искуство во струката.
Посебни работни компетенции:
- Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски) согласно член 12 став 2 точка 4 од Закон за судска служба.
- Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
Општи услови:
- да е државјанин на Република Македонија
- активно да го користи македонскиот јазик
- да е полнолетен
- да има општа здравствена способност за работното место
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна за забрана на вршење на професија, дејност или должност.
Платата на судскиот службеник ќе изнесува 17.754,оо денари. Работни часови неделно :40 часа; Работно време од 07:30 до 15:30 ; Дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот;Работни денови : од понеделник до петок.
10. Помлад судски рефернт- доставувач категорија ,,Г,, ниво ,,Г-4,, - 1(еден) извршител
Услови што се бараат за вршење на работата:
Стручни квалификации:
Стекнати најмалку вишо или средно образование.
Работно искуство:
- со или без работно искуство во струката.
Посебни работни компетенции:
-Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски) .
- Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
Општи услови:
- да е државјанин на Република Македонија
- активно да го користи македонскиот јазик
- да е полнолетен
- да има општа здравствена способност за работното место
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна за забрана на вршење на професија, дејност или должност.
Платата на судскиот службеник ќе изнесува 15.220,oo денари. Работни часови неделно :40 часа; Работно време од 07:30 до 15:30 ; Дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот;Работни денови : од понеделник до петок.
Кандидатите се должни да се пријават на огласот со Пријава за вработување на судски службеник и истата можат да ја подигнат во Основен суд Битола од телефонската централа или да ја симнат од веб страната на судот www.osbitola.mk во рубрика формулари-документи.
Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци.
Рокот за пријавување трае 5(пет) работни дена сметано од денот на последното објавувањето на огласот ( не сметајќи го денот на објавувањето).
Ненавремена, нецелосна и неуредно пополнета пријава нема да биде предмет на разгледување.
Пополнетата пријава заедно со доказите за исполнување на општите и посебните услови( за стручните квалификации, работното искуство и посебните работни компетенции ) кандидатите се должни да ги достават непосредно преку приемната писарница на судот или преку пошта со назнака за Оглас бр. 1/2019, на следната адреса:
Основен суд Битола , ул.Булевар 1 - ви Мај бр.63,
Информации на следниот телефон 047 239-352 .
Изборот ќе се изврши во рок од 20 дена од завршувањето на огласот.