Претседателката на Врховниот суд оствари посета на Oсновниот суд Битола [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Претседателката на Врховниот суд оствари посета на Oсновниот суд Битола

Risi  |  7 Qer 2024
Претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми, оствари посета на Oсновниот суд Битола

Претседателката Адеми оствари средба со претседателката на Основниот суд Битола, м-р Татјана Петровска.

Претседателката на Врховниот суд и претседателката на судот разговараа за повеќе прашања од значење за работата на судот, за проблемите и предизвиците со кои се соочува судот, а во насока на потребата од обезбедување на судиски и стручен кадар, зголемување на буџетот за судот и на судството во согласност со начелото за финансиска независност, функционалноста и одржувањето на судската зграда, обезбедениот пристап за граѓаните и странките, транспарентноста согласно заложбите на Советот за отворено судство, потребата од интензивирање на средбите и состаноците за унапредување на судската практика, постапувањето со архивскиот материјал и за примената на информатичката технологија во судот.

На работната посета се говореше и за нотираните проблеми во извештаите за работата на судот со посебен фокус на ефикасноста, ажурноста, постапувањето по предметите од јавен интерес, отчетноста, отвореноста и преземањето активности за реализирање на капиталните инвестиции.

Исто така, на средбата со претседателката беше истакната важноста на прашањето за воедначување на судската практика, потребата од поголема вклученост на судството во расправите и креирањето на законските решенија од областа на правосудството и потребата од доследно почитување на законски лимит за финансирањето на судството.

Претседателката Адеми потенцираше дека од круцијално значење е судовите взаемно да соработуваат во согласност со начелото на професионалност и солидарност, а со цел заеднички да се остварат заложбите за независно судство.

   


Kërkoni aktgjykime/aktvendime

Gjykata
Numri i lëndës
Data
_