УПАТСТВО за начинот на работа на Основен суд Битола за време на прогласената вонредна состојба [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

УПАТСТВО за начинот на работа на Основен суд Битола за време на прогласената вонредна состојба

Новости  |  30.3.2020

Република Северна Македонија

ОСНОВЕН СУД БИТОЛА

СУ бр.68/20

30.03.2020 година

бИТОЛА

 

Врз основа на член 88 од Законот за судовите („Службен весник на РМ“ број

98/06, 35/08, 150/10, 83/18, 198/18 и „Службен весник на РСМ“ број 96/19), член 2 став 2, член 13 став 1 и член 15 од Судскиот деловник („Службен весник на РМ“ број 66/1З и 114/14), одлуката на Судскиот совет на Република Северна Македонија под број 02-606/1 како и одлуката за прогласување на вонредна состојба на територијата на Република Северна Македонија од 18.03.2020 година донесена од Претседателот на Република Северна Македонија, Претседателот на Основен суд Битола, на ден 30.03.2020 година, донесе:

 

УПАТСТВО

 

за начинот на работа на Основен суд Битола

за време на прогласената вонредна состојба

 

1. Судиите на Основен суд Битола ќе извршуваат определени работи од дома (проучување на предметите и доаѓање во судот во деновите за судење, пишување на одлуките при што се користи информатичко компјутерската технологија), до Претседателот на Основен суд Битола да достават писмено известување со наведување на деновите кога ќе работат од дома, а во останатите денови да се јавуваат на работа и работните обврски да ги извршуваат во просториите на Основен суд Битола.

 

2. Судиите на Основен суд Битола редовно да ги изготвуваат судските одлуки по предметите во кои е заклучена расправата.

 

3. Сите судии и вработени во Основен суд Битола задолжително и

редовно да бидат достапни на службените телефонски броеви, во работното време на судот, вклучително и судиите и вработените кои користат право на платено отсуство од работа согласно мерките на Владата на Република Северна Македонија.

 

4 Вработените и судските службеници распоредени на работа во одделението за прием редовно да примаат пошта во предвиденото време за прием.

 

5. Автоматската распределба на предметите од страна на судските службеници овластени за вршење нa автоматската распределба на предметите преку автоматизираниот компјутерски систем за управување со судските предмети да се врши непосредно пред истекот на работното време на судот.

 

6. Во однос на итните предмети за кои се закажани рочишта да се доставуваат податоци до припадниците на судската полиција, најдоцна еден ден пред одржување на рочиштата, со наведување на број на предмет, ден и час на одржување на рочиштето, бројот на судницата и податоци за странките и нивните полномошници, поради пропуштање Ha странките и нивните полномошници од страна на припадниците на судската полиција непосредно пред одржување на рочиштата.

 

7. Задолжително и интензивно да се користи доставата на судските писмена по електронски пат, во предметите каде постои техничка можност за истото, при што судските службеници и вработените редовно да проверуваат каде се исполнети услови за електронска достава.

 

8. Во однос на легализацијата на странски исправи, предметите за меѓународна правна помош и замолници, да се постапува врз основа образложено барање за потребата од итност, доставено до Претседателот на Основен суд Битола и одобрено од негова страна.

 

9. Судските писмена кои е потребно да се доставуваат до странките, а кои не се однесуваат на предмети од итен карактер, да се чуваат во судските оддели, а по завршување на состојбата парцијално да се доставуваат преку доставната служба на судот.

 

10. Вработените и судиите во Основен суд Битола по можност паузата да ја користат во просториите на судот, а да го напуштаат и да се враќаат во судот за време на пауза, само во случај на итни и неопходни потреби.

 

11. Јавноста, странките и учесниците во постапката, како и нивните полномошници, при доставување на своите барања, на начините предвидени во Законот за парничната постапка и Судскиот деловник, да наведуваат адреса за електронска пошта и телефонски број, со цел да бидат контактирани и одговорите да им бидат доставувани по електронски пат.

12. Сите судски одлуки по кои е доставена жалба, а кои се спремни за доставување во Апелациониот суд Битола, да се доставуваат до Апелациониот суд Битола.

13. Јавноста и странките во постапките за сите податоци во врска работењето и постапување нa Основен суд Битола да се информираат преку официјалната и редовно ажурирана веб - страна на судот како и преку официјалната електронска пошта на судот: info@osbitola.mk.

14. Ова упатство влегува во сила и се применува со денот на донесувањето.

 

 

 

ОСНОВЕН СУД БИТОЛА

 

 

 

ДА СЕ ДОСТАВИ ДО:

- Судска управа

- Претседатели на судски оддели

- ВЕБ страна на судот

- Судска полиција

 

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_