Претседателката м-р Татјана Петровска оствари средба со набљудувачката мисија на ОДИХР
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Претседателката м-р Татјана Петровска оствари средба со набљудувачката мисија на ОДИХР
Претседателката м-р Татјана Петровска оствари средба со набљудувачката мисија на Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права ОДИХР
Претседателката на Основниот суд во Битола судијата м-р Татјана Петровска оствари средба со набљудувачката мисија на Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права ОДИХР, по однос на надлежностите на судот од Изборниот законик, за претседателските избори кои ќе се одржат на 24ти Април и парламентарните избори кои ќе се одржат на 8ми Мај.
Мисијата ќе ги оценува изборите за нивната усогласеност со обврските на ОБСЕ и други меѓународни обврски и стандарди, како и усогласеноста на националната легислатива и имплементацијата на претходно дадените препораки од ОДИХР.
Набљудувачката мислија во рамките на своите надлежности ќе објави извештај со цел да се информира јавноста и медиумите за текот на набљудувањето на целиот изборен процес.