Соопштение за посета
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение за посета

Во соработка со Проектот „Подршка на ЕУ за владеење на правото“ на 10.06.2025 година, претседателката на Основниот суд во Битола м-р Татјана Петровска, заменик претседателката Татјана Митревска и судскиот администратор Силвана Дејановска, оствари средба со претставникот на ЕУ и двајца експерти Г-ѓа Олга Тешовиќ и Г-дин Андреј Божиновски.
Претседателката Петровска изрази голема благодарност за интересот на претставниците на ЕУ да бидат запознаени со состојбата во која се наоѓа Основниот суд Битола, по однос на бројот на судии кои постапуваат во Судот, бројот на примени и решени предмети, човечките ресурски со кои располага Судот, како и техничките и материјалните средства кои се на располагање при редовното тековно работење.
За време на средбата се разговараше и на теми во поглед на реформите во судството, предизвиците со кои се соочуваат судиите кон спроведување на принципите за владеење на правото, како и подобрувањето на состојбите на судството кон обезбебедување на судска независност. Од страна на претставниците од ЕУ, бевме запознаени во поглед на започнувањето на евалуацијата на Стратегијата за човечки ресурски за судската мрежа 2020 -2026, како и подготвувањето на иницијативата за реорганизација и оптимизација на судската мрежа.
На средбата беше заклучено дека соработката и понатаму треба да продолжи, со цел за подобрување на условите и зајакнување на капацитетите на Основниот суд Битола.