За судиите [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

За судиите

Претседател на Основен суд Битола е Татјана Петровска.

За решавање на предмети од надлежноста на Основниот суд Битола се ангажирани 14 судии и тоа: 

Претседател

CV на Претседател

Судија Татјана Петровска

Име и презиме:
Татјана Петровска
Година на избор:
2009
Област на која работи судијата:

Образование:

- Дипломирала на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ Битола – Правен факултет Битола, во Јуни 1986 година;

- Положила правосуден испит Октомври 2003 година;

- Прва генерација на слушатели во Академијата за судии и јавни обвинители на РМ во периодот 2007 – 2008 година, со стекнат статус на кандидат за судија, односно кандидат за јавен обвинител;

- Магистрирала на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ Битола – Правен факултет Кичево со дисперзирани студии во Битола, со стекнат статус „Магистер по правни науки“.

Работно искуство:

- Од октомври 1989 година, до Јуни 1991 година, во Народниот Театар Битола, како Секретар;

- Од Јуни 1991 до Мај 1996 година, во БИД Мисирков“ Битола, како Секретар;

- Од Мај 1996 до Ноември 2000 година, во приватна фирма како Секретар;

- Од Септември 2002 година, до Декември 2005 година, Апелационен суд во Битола, како Судски приправник и како Стручен соработник;

- Од Мај 2006 до Октомври 2006 година, кај Извршител Жанета Пријевиќ, како Помошник извршител;

- Од Октомври 2006 до Јули 2009 година, во КПУ Затвор Битола, како Заменик директор;

- Од Јули 2009 година, до Октомври 2023 година, во Основниот суд Битола, како Судија – кривична материја;

- Од Октомври 2023 година, до денес во Основниот суд во Битола, како Претседател.

 

Објавени трудови и активности:

- Од Октомври 2006 година – две години, член во Комисијата за жалби по јавни набавки;

- Од 2015 година, до Октоври 2023 година, координатор и ментор по кривична материја во практичниот дел на слушателите на Академијата за судии и јавни обвинители

- Од 2020 година, до денес предавач по кривична материја во Академијата за судии и јавни обвинители;

- Посетила и успешно завршила голем број на курсеви и семинари на најразлични теми организирани преку Академијата за судии и јавни обвинители, Американска абасада, Италијанска амбасада, Амбасада на Шпанија, Амбасадата од Холандија, УНИЦЕФ, OSCE, UNDP, USAID, TAEX и други во рамките на функцијата судија од кривично право, право на Европска Унија, Меѓународно право и право на Европскиот суд за човекови права. Стекнати се сертификати за обучувач, предавач и ментор во Академијата за судии и јавни обвинители, голем број на сертификати за завршена обука од областа за кривичното право, вклучително за кривични дела од Кривичниот законик, кривично дело од омраза и кривични дела според Законот за правда за децата.

- Студиска посета во летната школа за судии на тема конфискација на имот и имотна корист во Варна Р. Бугарија, завршена школа во ИЛЕА – Академијата во Будимпешта Р. Унгарија, на тема спречување на корупција и борба против корупција, студиска посета на судовите во Букурешт Р. Романија, посета на школи за изучување на англиски јазик за судии и јавни обвинители.

Судиите

Судија Снежана Дојчиновска

Судија Снежана Дојчиновска

Име и презиме:
Снежана Дојчиновска
Година на избор:
2010
Област на која работи судијата:
Граѓанска област; граѓански и стопански предмети

Образование:

Родена сум 12.09.1960 година во Битола.

Основно образование ОУ „Гоце Делчев “- Битола,

Средно образование гимназија „Јосип Броз Тито“ – Битола.

Правен факултет завшив 1984 година при Универзитет „Свети Климент Охридски„ Битола.

Работно искуство:

Се вработив во Основниот суд во Битола на 03.11.1987 година како стручен соработник со положен правосуден испит.

На 07.12.2010 година сум избрана за судија во Основниот суд во Битола.

Во текот на целиот мој судиски мандат работам граѓански и стопански предмети во граѓанскиот оддел.

Судија Татјана Митревска

Судија Татјана Митревска

Име и презиме:
Татјана Митревска
Година на избор:
2011
Област на која работи судијата:
Граѓанска област

Образование:

Родена е во Битола, на 29.10.1961 година. Основно училиште заврши во ОУ Д-р Трифун Пановски во Битола, средно училиште во гимназија Јосип Броз Тито во Битола и Правен факултет на Правниот Факултет во Битола во 1987 година.

Работно искуство:

Во текот на нејзиниот работен стаж две години во периодот од 1989-1990 година волонтирала во Апелациониот суд Битола, еден период работела во приватен сектор, од 2002 година е вработена во Основен суд Битола како приправник, а од 03.08.2006 година како стручен соработник.

На 30.11.2011 година е избрана за судија во овој суд и работи на работни спорови, парнични и вонпарнични предмети како и во постапка по приговори против извршување.

Судија Драган Јаковлевски

Судија Драган Јаковлевски

Име и презиме:
Драган Јаковлевски
Година на избор:
2020
Област на која работи судијата:
Кривична област

Образование:

Основно училиште завршил во ОУ. „Д-р. Трифун Пановски“ Битола.

Средно училиште завршил во Гимназија „Јосип Броз Тито“ Битола.

На 05.11.2007 година-дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“-Скопје.

Во 2010 година го положил Правосудниот испит.

На 21.11.2014 година магистрирал на Правниот факултет во Битола.

Работно искуство:

Волонтира во Основен суд Битола во 2008 година, а во 2009 година, работи како адвокатски приправник во адвокатска канцеларија. Во 2010 година работи како адвокат, а од 2011 година вработен е во Основен суд Битола како судски соработник.

Во 2017 година е избран за слушател во почетна обука во Академијата за судии и јавни обвинители и истата ја завршил во 2019 година.

На ден 07.02.2020 година е избран за судија во Основен суд Битола и со годишниот распоред за работа, распределен е во кривичниот оддел.

Прва<12>Последна

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_

Најнови вести


Сите вести