Корисни информации [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Корисни информации

ПРАВИЛА ЗА ОДНЕСУВАЊЕ ВО  СУДОТ

1. Посетителите се предупредуваат дека влегуваат во судска зграда и дека треба да ги почитуваат содветните стандарди на однеcување. Секој кој не ги почитува правилата на судот или не се придржува до стандардите за однесување ќе биде остранет од судската зграда.

2. Не е дозволен влез во судската зграда на лица кои немаат навршено 18 години, освен со дозвола или наредба на судот, во присуство на возрасно лице или со одоебрение на судската управа.

3. Посетителите кои присуствуваат на расправа ќе бидат сместени на местата за јавност. Претседателот на совет - судија, може да нареди остранување на лице од местата за посетителите доколку истото предизвикува прекин или нарушување на редот во судницата.

4. Посетителите мора да станат при влез на судијата во судницата. За времетраењето на расправата посетителите да останат тивки и да се придржуваат на иснструкците дадени од судија или од судската полиција.

5. За времетраењето на расправата забрането е разговарање помеѓу посетителите, гласна бучава, навредливо, насилино однесување или било каква активност со која би се нарушило непреченото одвивање на работа на судот.

6. Задолжително е лицата кои влегуваат во судот да бидат содветно облечени. Облека која се смета за провокативна, вознемирувачка или облека која има навредливи знаци или слика е забренета.

7. При влез во судницата забранетое внесување на мобилни телефони, преносни компјутери, PDA, камери или било какви аудио и видео опрема која може да снима или процесира. Овие предмети да се остават во просторија за таа намена.

8. Аудио и видео снимања или сликање, без дозвола на управата се строго забранети во судската зграда. Судската полиција е овластена да конфискува или избрише неовластени снимки.

9. Пиење, јадење, пушење на цигари или употреба на наркотички средства се забранети во судската зграда.

10. Посетителите не смеат да оставаат багаж или лични работи без надзор. Судот не презема никаква одговорност за било каккви изгубени, оштетени  предмети на посетителите додека се во просторите на судот.

11. Судската полиција може да повика на евакуација на судската зграда во било кое време. Притоа посетителите и судскиот персонал се должни да ги почитуваат наредбите и да се придржуваат до нивните инструкции.

                                                                                                                               Наменето за информирање!

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_

Најнови вести


Сите вести