Внатрешна организација
ActionsВнатрешна организација
Внатрешна организација
Основен суд Дебар е суд со основна надлежност од прв степен. Основан е за подрачјето на Општина Дебар и Центар Жупа.
Судот извршува активности од следните области:
- кривична од прв степен;
- граѓанска од прв степен.
Активностите за прием и експедиција на пратки во судот ги извршува еден судски службеник.
Судската писарница ја сочинуваат:
- Судски референт – прием и експедиција на пошта, шалтер број 1
- Судски референт - уписничар за граѓански предмети, шалтер број 2
- Судски референт - уписничар за кривични предмети, шалтер број 3
- Виш судски соработни – кривични предемти, канцеларија број 7
- Судски советник – граѓански предемти, канцеларија број 8
- Судски соработник – Преведувач, канцеларија број 9
- Самостоен судски референт – Архивар канцеларија број 9
- Судски референт за прекршочно и извршни предмети, канцеларија број 10
- Судски советник – Информатичар, канцеларија број 11,
- Самостоен судски референт – Сметководство, канцеларија број 12
- Судски референт - уписничар за парнични предмети, канцеларија број 13
- Судски референт - уписничар за кривични предмети, канцеларија број 13
За решавање на предметите од првостепена граѓанска и кривична област, се ангажирани 3 судии, и тоа:
Претседателот на судот- судијата Мерсим Марку (канцеларија број 1), постапува по предмети од граѓанска област.
Судијата Оруч Абазовски (канцеларија број 2) постапува по предмети од кривична област.
Судија Дамјан Илоски (канцеларија број 3) постапува по предмети од граѓанска област.