Општи податоци (надлежности и историјат)
ActionsОпшти податоци (надлежности и историјат)
ОСНОВЕН СУД ДЕБАР Е СУД СО ОСНОВНА НАДЛЕЖНОСТ
Со Законот за судовите (Службен весник бр.58/06, бр. 62/06, бр.35/08 и 150/10, бр.83/18, бр.198/18 и Службен весник на РСМ бр.96/9), Основен суд Дебар е основан за подрачјето на општините:Дебар и Центар Жупа.
Месна надлежност
Месната надлежност е определена во член 28 ст.1 т.7 од Законот за судовите
Стварна надлежност
Стварната надлежност на судот е опредлена во член 30 од Законот за судовите
Основните судови со основна надлежност за подрачјата за кои се основани, се надлежни да одлучуваат во прв степен по кривични дела и прекршоци, и тоа:
- за кривични дела за кои со закон како главна казна е определена казна затвор до пет години, ако за некои кривични дела не е предвидена надлежност на друг суд,
- за кривични дела за кои со посебен закон е определена надлежност на суд со основна надлежност,
- да спроведуваат истрага или истражни дејствија за кривични дела од својата надлежност,
- за сите видови прекршоци, освен за прекршоци кои со закон се ставени во надлежност на орган на државна управа или органиџација или друг орган што врши јавни овластувања и
- за жалби и приговори за постапките за кои се надлежни овие судови.
Основните судови со основна надлежност се надлежни да одлучуваат во прв степен по граѓански спорови, и тоа:
- за спорови во имотно-правните и други граѓанско-правни односи на физички лица, чија вредност е до 50.000 евра во денарска противвредност, доколку со закон не е предвидена надлежност на друг суд,
- за спорови за утврдување и оспорување на татковство, мајчинство, утврдување на постоење на брак, за поништување на брак и развод на брак,
- за законска издршка,
- за чување и воспитување на деца,
- за смеќавање на владение,
- за доживотна издршка,
- за надоместок на штета која не надминува 50.000 евра во денарска противвредност,
- во постапка за обезбедување и извршување,
- за работни односи,
- во спорови од наследно-правни односи,
- да водат тапии и
- за други работи утврдени со закон.