СООПШТЕНИЕ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ

Новости  |  09.2.2021

СУ.бр.03-31/21 - AGJ.nr.03-31/21                          

09.02.2021 година/viti

Д Е Б А Р / D I B Ë R

 

 

С О О П Ш Т Е Н И Е

 

Претседателот на судот, судија ILIR ISENI, преку ZoomGov Meeting апликацијата, учествуваше на работилницaта на тема: „Измените на Законот за парничната постапка во однос на дигитализацијата и судењата на далечина’’, во организација на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ а во соработка со Министерството за правда на Рeпублика Северна Македонија и Амбасадата на САД во Скопје, која се одржа на 8 февруари 2021 година (понеделник), со почеток во 14:00 часот.

 

Со поздравни обраќања настанот го отворија министерот за правда на Република Северна Македонија, г. Бојан Маричиќ и директорот на ИНЛ (Биро при Стејт Департментот за меѓународна борба против наркотици за спроведување на законите) при Амбасадата на САД, г-а Џоана Кецман.

 

Презентирањето на измените во ЗПП во однос на дигитализацијата и судењата на далечина го изврши Проф. д-р Гордана Лажетиќ.

 

Во текот на работилницата, свој придонес даде и Претседателот на судот, кој што учествуваше на дебатата по однос на дигитализацијата на судството во Република Северна Македонија, а посебно можноста за одржување на судењата на далечина.

                                                                                     ОСНОВЕН СУД ДЕБАР

 

 

                                           

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_