Општи податоци (надлежности и историјат) [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Општи податоци (надлежности и историјат)

 

ОСНОВЕН СУД ДЕБАР Е СУД СО ОСНОВНА НАДЛЕЖНОСТ

Со Законот за судовите (Службен весник бр.58/06, бр. 62/06, бр.35/08 и 150/10, бр.83/18, бр.198/18 и Службен весник на РСМ бр.96/9),  Основен суд Дебар е основан  за подрачјето на општините:Дебар и Центар Жупа.

Месна надлежност

Месната надлежност е определена во член 28 ст.1 т.7 од Законот за судовите

Стварна надлежност

Стварната надлежност на судот е опредлена во член 30 од Законот за судовите

Основните судови со основна надлежност за подрачјата за кои се основани, се надлежни да одлучуваат во прв степен по кривични дела и прекршоци, и тоа:

- за кривични дела за кои со закон како главна казна е определена казна затвор до пет години, ако за некои кривични дела не е предвидена надлежност на друг суд,

- за кривични дела за кои со посебен закон е определена надлежност на суд со основна надлежност,

- да спроведуваат истрага или истражни дејствија за кривични дела од својата надлежност,

- за сите видови прекршоци, освен за прекршоци кои со закон се ставени во надлежност на орган на државна управа или органиџација или друг орган што врши јавни овластувања и

- за жалби и приговори за постапките за кои се надлежни овие судови.

 Основните судови со основна надлежност се надлежни да одлучуваат во прв степен по граѓански спорови, и тоа:

- за спорови во имотно-правните и други граѓанско-правни односи на физички лица, чија вредност е до 50.000 евра во денарска противвредност, доколку со закон не е предвидена надлежност на друг суд,

- за спорови за утврдување и оспорување на татковство, мајчинство, утврдување на постоење на брак, за поништување на брак и развод на брак,

- за законска издршка,

- за чување и воспитување на деца,

- за смеќавање на владение,

- за доживотна издршка,

- за надоместок на штета која не надминува 50.000 евра во денарска противвредност,

- во постапка за обезбедување и извршување,

- за работни односи,

- во спорови од наследно-правни односи,

- да водат тапии и

- за други работи утврдени со закон.

Месна надлежност: Дебар и Ц. Жупа

Судска Зграда

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_