Јавен оглас за избор на судии поротници
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Јавен оглас за избор на судии поротници
ОСНОВЕН СУД
-ДЕЛЧЕВО
0302 СУ-328/24
20.08.2024 година
Врз основа на чл.43 од Законот за судовите (Сл.весник на РМ 58/06 од 5.05.2006 г.),чл.7 од Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите (Сл.весник на РМ 83/18 од 8.05.2018 г.),чл.14 од Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите (Сл.весник на РМ 150/10 од 18.11.2010 г.) а в.в. со Одлуката на Судскиот совет за утврдување на бројот на судии поротници во судовите во РМ од 09.12.2015 година, Основниот суд во Делчево на ден 20.08.2024 година објавува:
О Г Л А С
за избор на 12 судии – поротници во Основен суд Делчево
I.Кандидатите за судии поротници треба да ги исполнуваат следните услови:
-да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
-да има завршено најмалку средно образование
-активно да го владее македонскиот јазик
-да не е постар од 60 години.
-да ужива углед за вршење на функцијата судија – поротник
II. За судија поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судија поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое сo член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.
III. Заинтересираните кандидати да достават пријава со потребните документи: уверение за државјанство (не постаро од 6 месеци), извод од матичната книга на родени и уверение за завршено најмалку средно образование, во писарницата на судот – приемно одделение, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.
Целосниот текст на огласот може да се преземе на следниот линк
Пријавата за огласот можете да ја преземете на следниот линк