Соопштение за јавност
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение за јавност
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
Во врска со написот објавен на ден 07.11.2025 година на интернет порталот „Фокус“ Основниот суд Делчево ја известува јавноста за следното:
Основниот суд Делчево како и сите судови во РС Македонија за периодот од почетокот на 2025 година па до 31.03.2025 година имаше ангажирано двајца судски соработници согласно одобрени финансиски сретства од Буџетот на РСМ кои беа вработени во работен однос на определено времетраење. Со истекувањето на периодот за кој беа ангажирани, на овие лица им престана вработувањето и повеќе не работат во Основниот суд Делчево.
Основниот суд Делчево ги демантира сите наводи од написот дека било кое од овие поранешни вработени лица сеуште доаѓа на работа во судот и со тоа неовластено доаѓа во контакт со предмети и неовластено работи во АКМИС системот. И двете поранешни службенички доаѓаат во судот кога присуствуваат на рочишта и заради поднесување на поднесоци до судот поврзани со нивните предмети.
Основниот суд Делчево апелира за совесност и професионалност на сите вклучени субјекти во јавниот живот, бидејки изнесувањето на невистини го нарушува угледот на институциите и ја поткопува довербата на граѓаните во судството а со тоа и на целиот систем. Основните судови се самостојни независни државни органи и нивната основна улога е заштита на правата на човекот и граѓаните и останатите субјекти.
Од Основен суд Делчево