Јавен оглас
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Јавен оглас
Република Северна Македонија
Основен суд Делчево
Су.бр.0401-616/2019
14.11.2019 година
Делчево
Врз основа на член 20 и член 25 од Законот за судска служба (Службен весник на Република Македонија бр.43/14, 98/15, 6/16 и 198/18) и член 25 од Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во Основен суд Делчево СУ.бр.0101-198/2019 од 25.03.2019 година, Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас, формата, содржината и начинот на поднесување на пријавата, на спроведување на административна селекција, на испитите, проверка на веродостојност на доказите и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категориите на работните места, како и други прашања во врска со постапката за вработување на судски службеници (Службен весник на Република Македонија бр.236/18) и согласност од Министерство за финансии бр. 08-1173/7 од 31.07.2019 година
ОСНОВНИОТ СУД ДЕЛЧЕВО
објавува
ЈАВЕН ОГЛАС 1/2019
1. Категорија Г, ниво Г1 Самостоен судски референт – 1 извршител.
2. Услови за вршење на работите: најмалку више или средно образование. Најмалку 3 години работно искуство во струката.
3. Паричен нето износ на плата: 19.000,00 денари
Пријавата за огласот можете да ја преземете на следниот линк