Годишни одмори 2018 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Годишни одмори 2018

Новости, Соопштенија за јавност  |  16.7.2018
Годишни одмори 2018 за Основен суд Делчево

Годишни одмори за судските службеници

Правото на годишен одмор на судските службеници е уреден со Законот за судска служба и Законот за судовите. Основниот Закон за судска служба е објавен во во Службен весник на Р. Македонија број 148/11, по кој следат неколку измени и дополнувања. Основниот Закон за судовите е објавен во Службен весник на Р. Македонија број 58/06, по кој следат исправка и неколку измени и дополнувања.

  • Закон за судска служба, објавен во Службен весник на Р. Македонија број 43/14, страна 20 - „Право на одмори и отсуства“;
  • Закон за дополнување на Законот за судска служба, објавен во Службен весник на Р. Македонија број 33/15, страна 17;
  • Закон за изменување на Законот за судска служба, објавен во Службен весник на Р. Македонија број 98/15, страна 18;
  • Закон за дополнување на Законот за судска служба, објавен во Службен весник на Р. Македонија број 6/16, страна 16
  • Закон за судовите, објавен во Службен весник на Р. Македонија број 58/06, страна 8, Член 72;
  • Исправка на Закон за судовите, објавен во Службен весник на Р. Македонија број 62/06, страна 64;
  • Закон за судовите, објавен во Службен весник на Р. Македонија број 58/06, страна 8, Член 72;
  • Закон за изменување и дополнување на Законот за судовите, објавен во Службен весник на Р. Македонија број 35/08, страна 111;
  • Закон за изменување и дополнување на Законот за судовите, објавен во Службен весник на Р. Македонија број 150/10, страна 174;

Пречистен текст од Законот за судовите кој се однесува на годишни одмори за судските службеници (преземено од „Електронски практикум - 2013“ во издание на Апелационен суд Штип):
(1) Годишните одмори во судовите траат од 15 јули до 15 август.
(2) За време на годишните одмори во судовите од прв степен се извршуваат само нужни работи, и тоа: истраги и судења во кривични предмети кога обвинетиот е во притвор и во кривични предмети на странките кои не живеат во Република Македонија; предмети за примена на времени мерки; менична тужба; спорови за објавување на исправка на објавена информација; прекршочни предмети од итна природа; вонпарнични и извршни предмети во врска со воспитувањето и заштитата на децата и обврски по предметите за издршка што произлегуваат од закон; регистрации на политички партии, вонпарнични предмети за задржување на лица во здравствена установа; попис на имотот на оставителот, составување на тестаменти, прием на поднесоци и други работи што се врзани со законски преклузивни рокови.
(3) За време на годишните одмори, во апелационите судови се постапува по жалби на одлуките по предметите од ставот (2) на овој член, и по предмети по кои се суди на нејавни седници.
(4) Освен за работите од ставовите (2) и (3) на овој член, времето од ставот (1) на овој член се смета за време кога судот не работи.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_