Општи податоци (надлежности и историјат) [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Општи податоци (надлежности и историјат)

Надлежност

Согласно Законот за судовите Основниот суд Гевгелија  е основан за подрачјата на Општините Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово, со судско одделение во Валандово.

Основниот суд Гевгелија со Судско одделение во Валандово, како самостоен и независен државен орган, судската власт согласно Законот за судовите ја врши како Основен суд со проширена надлежност.Судовите се самостојни и независни државни органи. Основен суд Гевгелија вршењето на судската власт ја остварува во рамките на својата надлежност, предвидена со Уставот на Република Северна Македонија,Законот за судовите, Законот за судски совет на РСМ, Законот за управување со движење на предметите во судовите, судскиот деловник и други законски прописи и Меѓународни договори ратификувани во согласност со закон.

(1) Основните судови со проширена надлежност покрај надлежноста утврдена во членот 30 од Законот за изменување и дополнување на законот за судовите (Сл. Весник на РС Македонија бр. 96 од 17.05.2019 година) за подрачјата за кои се основани, се надлежни да одлучуваат по кривични дела, и тоа :

 - за оние за кои со закон е предвидена казна затвор над пет години и за кривични дела и прекршоци извршени од малолетни лица,

 - да спроведуваат истрага и истражни дејствија за кривични дела од својата надлежност,

- да постапуваат по предмети за екстрадиција,

- по жалби и приговори за постапките за кои се надлежни и

- да решаваат за постапки за меѓународна правна помош утврдена со закон.

(2) Основните судови со проширена надлежност покрај надлежноста утврдена во членот 30 од овој закон за подрачјата за кои се основани, се надлежни да одлучуваат по граѓански спорови, и тоа:

 - за спорови во имотно-правните и други граѓанско-правни односи на физички и правни лица, чија вредност е над 50.000 евра во денарска противвредност, доколку со закон не е предвидена надлежност на друг суд,

- во трговски спорови во кои двете странки се правни лица или државни органи, како и спорови од авторски и други сродни права и права од индустриска сопственост, - водат судски регистар за политички партии,

- во постапка за стечај и ликвидација,

- во спорови за утврдување и обезбедување за присилно извршување и

- за спорови на домашни правни и странски лица кои произлегуваат од нивните меѓусебни стопански, односно трговски односи.

(3) Надлежноста од ставовите (1) и (2) на овој член ќе ја вршат судовите и тоа: Основниот суд во Битола и за подрачјето на Основниот суд во Ресен, Основниот суд во Прилеп и за подрачјето на Основниот суд во Крушево, Основниот суд во Охрид за подрачјето на Основниот суд во Охрид, Основниот суд во Струга за подрачјето на Основниот суд во Струга, Основниот суд во Гостивар за подрачјето на Основниот суд во Гостивар, Основниот суд во Кичево и за подрачјето на основните судови во Кичево и Дебар, Основниот суд во Тетово за подрачјето на Основниот суд во Тетово, Основниот суд во Куманово и за подрачјето на основните судови во Крива Паланка и Кратово, Основниот суд во Кочани и за подрачјето на основните судови во Берово, Виница и Делчево, Основниот суд во Велес за подрачјето на Основниот суд во Велес, Основниот суд во Гевгелија за подрачјето на Основниот суд во Гевгелија, Основниот суд во Кавадарци и за подрачјетo на Основниот суд во Неготино, Основниот суд во Струмица и за подрачјето на Основниот суд во Радовиш и Основниот суд во Штип и за подрачјето на Основниот суд во Свети Николе.

Историјат

Основниот суд Гевгелија е основан согласно Повелбата на президиумот на АСНОМ во 1945 година.
Прв Претседател на судот е Сотир Делидинков. Судот претходно бил сместен во просториите на сегашното Собрание на Општина Гевгелија како Околиски суд Гевгелија. Подоцна истиот е преименуван во Општински суд Гевгелија а денес во Основен суд Гевгелија.

Покрај првиот Претседател на судот Сотир Делидинков, функцијата Претседател на судот ја вршеле и Мирко Попов, Томе Ортаковски, Ристо Танев, Јован Диманчев, Велика Караниколова, Драги Дилберов,Марица Аврамчева Зафирова, Драги Дилберов, Злата Попова а на сегашната функција Претседател на судот се наоѓа Марица Аврамчева Зафирова

Вработени

Листа на вработени лица во Основниот суд Гевгелија. (превземи)

 

 

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_

Најнови вести


Сите вести