Сите вести [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

Година
Категорија

  • Известувања  | 12.10.2022 | Основен суд Гевгелија

    Известување за административна селекција по интерен оглас бр.1/2022

    Почитувани,во врска со објавениот интерен оглас бр.01/2022 од 27.09.2022 година за унапредување на четири судски службеници во Основен суд Гевгелија, Ве известуваме дека Комисијата за селекција за унапредување ќе врши административна селекција на ден 14.10.2022 година во 10:00 часот. Резултатите од извршената административна селекција на кандидатите ќе бидат објавени на Веб страната на судот. Со кандидатие кои ја поминале административната селекција ќе се спроведе интервју на ден 14.10.2022 година во 11:30 часот. Комисија за селекција за унапредување [повеќе]
  • Известувања  | 12.10.2022 | Основен суд Гевгелија

    Известување за административна селекција по јавен оглас бр.1/2022

    Почитувани, во врска со објавениот јавен оглас бр.01/2022 од 27.09.2022 година за вработување на тројца судски службеници во Основен суд Гевгелија, Ве известуваме дека Комисијата за селекција за вработување ќе врши административна селекција на ден 14.10.2022 година во 12:30 часот. Резултатите од извршената административна селекција на кандидатите ќе бидат објавени на Веб страната на судот. Комисија за селекција за вработување [повеќе]
  • Известувања  | 30.9.2022 | Основен суд Гевгелија

    Известување во врска со препораките за ефикасна заштеда на електрична енергија

    Согласно препораките за ефикасна заштеда на електрична енергија до 15% усвоени од Владата на Република Северна Македонија на 69-та седница, во период од 01-ви Септември 2022 година до 30 Март 2023 година сите вработени во Основен суд Гевгелија се задолжуваат: 1.Клима уредите да не се користат за загревање на просториите во зимскиот период. 2. Да не се употребуваат греалки за затоплување на просториите. 3. Да се исклучува струјата секогаш кога се напушта просторијата ( канцеларија, судница, друга просторија) и кога има дневна светлина. 4. Да се исклучуваат компјутерите и принтерите секогаш кога не се работи со истите. 5. Печатење на материјалите да се врши само колку се потребни. За лице кое ќе се грижи за потрошувачката на енергија во Основен суд Гевгелија се определува Димитар Јованов, кој се задолжува во перод од од 30.09.2022 година до 30 Март 2023 година секојдневно да го следи и да презема соодветни дејствија заради почитување на наведените мерки и за истото еднаш неделно да доставува писмен извештај до Претседателот на судот. Ова известување да се постави на огласна табла на судот и со содржината на истото одговорното лице наведено како погоре да ги запознае сите вработени во Основен суд Гевгелија. Претседател на судот Марица Аврамчева Зафирова [повеќе]
  • Известувања, Новости, Соопштенија за јавност  | 27.9.2022 | Основен суд Гевгелија

    Јавен оглас за вработување бр.1/2022

    Врз основа на чл.20, чл.21, чл.25, чл.26 од Законот за судска служба (Службен весник на РМ бр.43/14,33/15, 98/15, 6/16,198/18 и чл. 248/18), чл.2 од Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас, формата, содржината и начинот на поднесување на пријавата, на спроведување на административната селекција на испитите, проверка на веродостојноста на докази и интервјуто, како и на начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категориите на работните места, како и други прашања во врска со постапката за вработување на судски службеници ( Сл.весник на РМ бр.236/18), и Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во Основен суд Гевгелија со Судско одделение во Валандово (Пречистен текст) СУ.04.бр.49/22 од 11.08.2022 година, и согласноста на Министерот за финансии бр.18-7877/2 од 29.07.2022 година, Основниот суд Гевгелија на ден 27.09.2022, објавува: Јавен оглас 1/22. [повеќе]
  • Известувања, Новости, Соопштенија за јавност  | 27.9.2022 | Основен суд Гевгелија

    Интерен оглас за вработување бр.1/2022

    Врз основа на чл.20, чл.39, и чл.40 од Законот за судска служба (Службен весник на РМ бр.43/14,33/15,98/15,6/16,198/18,чл.248/18), Правилникот за формата и содржината на Интерниот оглас, формата, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и на начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категориите на работното место за кои е објавен интерниот оглас („Сл.весник на РСМ“ бр.275/20), Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во Основниот суд Гевгелија со Судско одделение во Валандово (Пречистен текст) СУ.04.бр.49/22 од 11.08.2022 година, како и согласноста од Министерот за финансии бр.18-7877/2 од 29.07.2022 година, Основниот суд Гевгелија на ден 27.09.2022:Објавува Интерен оглас бр. 1/2022. [повеќе]
  • Соопштенија за јавност  | 26.9.2022 | Основен суд Гевгелија

    Соопштение РО-22/22

    Во постапка поведена по тужба на тужителот Перо Калковалиев од Валандово, против тужен Друштво за обезбедување на имот и лица ПАКО СЕКЈУРИТИ ВЗ ДООЕЛ Струмица, основ Работен спор-несиплатени плати и придонеси, вредност 40.000,оо денари, во текот на постапката странката Друштво за обезбедување на имот и лица ПАКО СЕКЈУРИТИ ВЗ ДООЕЛ Струмица, не го извести судот за промена на адресата на седиштето ,во смисла на чл.140 од Законот за парнична постапка. Поради тоа судот во смисла на чл.125, чл.129 и чл.140 од ЗПП одреди доставувањето да се врши со објава на писменото на огласна табла на судот. Со ова соопштение се објавува на огласна табла Покана за подготвително рочиште за 03.11.2022 година во 10,30 часот во судница бр.4 во Основен суд Гевгелија.По истекот 8 (осум) дена од денот на објавувањето на огласната табла ќе се смета дека доставата е уредно извршена. [повеќе]
  • Соопштенија за јавност  | 23.9.2022 | Основен суд Гевгелија

    Соопштение МАЛВТС-5/22

    Во постапка поведена од страна на тужителот Друштво за трговија и услуги МИЛТИБРЕНД ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, против тужен Друштво производство, трговија и услуги ГРЕЕН ЛИФЕ ДОО с.Калково, Јосифово, основ Долг, вредност 461.250,оо денари, тужениот , Друштво производство, трговија и услуги ГРЕЕН ЛИФЕ ДОО с.Калково, Јосифово, не го извести судот за промена на адресата на седиштето, во смисла на чл.140 од ЗПП. Поради тоа судот во смисла на чл.125,чл.129 и чл.140 од ЗПП , определи доставувањето да се врши со објава на писменото на огласна табла на судот Со ова соопштение се објавува на огласна табла Покана за главна расправа за 03.11.2022 гдодина во 12,00 часот во судница бр. 4 во Основен суд Гегелија. По истекот на рок од .во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на огласната табла ќе се смета дека доставата е уредно извршена. [повеќе]
  • Соопштенија за јавност  | 07.4.2022 | Основен суд Гевгелија

    Соопштение за јавност

    Денес во периодот од 10-12 часот во Основен суд Гевгелија од страна на вработените во судската служба-членови на заедницата за судска администрација подружница Гевгелија беше одржан предупредувачки штрајк со кој се искажа незадоволство поради не усогласување на сите плати со порастот на минималната плата. За време на предупредувачкиот штрајк во Основен суд Гевгелија се извршуваа работи кои не трпат одлагање, односно рочишта од итна природа. Предупредувачки штрак по истиот основ ќе се одржи и на ден 08.04.2022 година во периодот од 10-12 часот. [повеќе]
  • Соопштенија за јавност  | 04.4.2022 | Основен суд Гевгелија

    Соопштение за јавност

    Основниот суд Гевгелија ја известува јавноста дека во рамките на одбележувањето на денот на правосудството во РСМ-31 март, се одржа панел дискусија на тема -Враќање на довербата на граѓаните во судството, на која воведно обраќање имаше претседателката на Основниот суд Гевгелија, судија Марица Аврамчева Зафирова, а како панелисти свое излагање имаа судија Билјана Делова Николова, претседател на подружницата на Здружението на судии во Основниот суд Гевгелија, претставници од ЦПИА, Гордана Дувњак -член на Судско-медиумскиот Совет, при што свое излагање преку конференциска врска имаа и судијата Лазар Нанев, претседател на Основниот суд Кавадарци и судијата Џемаили Саити, претседател на Здружението на судии на РСМ. [повеќе]

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_