Извештај за примена на системот на интегритет на институциите во правосудниот систем за 2023 година изработен од ДКСК [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Извештај за примена на системот на интегритет на институциите во правосудниот систем за 2023 година изработен од ДКСК

Известувања, Соопштенија за јавност  |  08.2.2024

НИВО НА ПРИМЕНА НА СИСТЕМОТ ЗА ИНТЕГРИТЕТ  ВО ЦЕЛИНА

 

Во текот на анализирање на одговорите од поднесените прашалници за мониторинг на системот на интегритет на институциите од правосудството, можеме да утврдиме дека имплементацијата на системот на интегритет се  уште на ниско ниво.Дополнително,се утврдува дека и следењето на системот на интегритет, проверките и неговото зајакнување се се уште во процес на развој и зародиш. Ова остава простор ДКСК во наредниот период да превземе повеќе активности за да го забрза овој процес,посебно oд аспект на дополнителни средби и обуки, како и прилагодување на прашалникот за мониторирање на системот на интегритет на потребите и начинот на постапување на судовите.

Имено, Од вкупно 16 судови со потпишана политика на интегритет, вкупно 44% ја исполнија обврската да пополнат прашалник за примена на системот на интегритет. Односно, од вкупно 16 институции со потпишана политика на интегритет, 7 пополнија прашалник за примена на системот на интегритет, додека пак од вкупно 9 судови делумно ја исполнија или не ја исполнија оваа обврска.

Во прилог, прикажуваме графички приказ на нивото на исполнетост на обврските за сегментот „воспоставување на системот за интегритет“ во правосудството, со вкупна реализација, која изнесува 44%.

Ниво на примена на системот за интегритет од страна на сите мониторирани институции

 

Во 2023 година, заклучно со повикот на Државната комисија за одговарање на прашалникот за мониторинг на политиката за интегритет, политика на интегритет потпишаа 16 институции од правосудниот сектор и истите назначија лица за интегритет, посетија соодветни обуки и беа предмет на овој мониторинг и тоа:

  • Основен суд Кратово
  • Апелационен суд во Гостивар
  • ОсновенсудВелес
  • ОсновенсудКавадарци
  • Основен граѓански суд Скопје
  • Основен суд Прилеп
  • Основен суд Гевгелија
  • Врховен суд на РСМ
  • Основен суд Виница
  • Основен суд СветиНиколе
  • Основен суд Радовиш
  • Основен суд Струмица
  • Апелационен суд во Битола
  • Апелационен суд во Штип
  • Управен суд
  • Судски совет.

Од наведените институции, вкупно 7 целосно го одговорија прашалникот за примена на политиката на интегритет, а 9 не го одговорија.

Пресметка на нивото на примена:

Ранг листа на институции според процент на исполнување на обврските:

 

Институција

Освоени поени

 

Управен суд на РепубликаСеверна Македонија

78.5

 

Основен суд Гевгелија

76.5

 

Основен суд Кратово

75.5

 

Основен суд Кавадарци

71.5

 

Основен суд Прилеп

59.5

 

Апелационен суд –Штип

51.5

 

Основен суд Струмица

31

 

Основен суд-Свети Николе

0

 

Основен суд Виница

0

 

Врховен суд на Република Северна Македонија

0

 

Основен граѓански суд Скопје

0

 

Апелационен суд Битола

0

 

Основен суд Радовиш

0

 

Основен суд Велес

0

 

Апелационен суд Гостивар

0

Судски совет на РепубликаСеверна Македонија

0

 

Графички приказ на ран глистата на институции според процент на исполнување на обврските:

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_