Одбележување на 31 Март - Ден на правосудството [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Одбележување на 31 Март - Ден на правосудството

Известувања, Изјави, Соопштенија за јавност  |  31.3.2023

        Основниот суд Гевгелија, следејќи ги клучните вредности - независност, непристрасност, интегритет, еднаквост и компетентност, целокупното свое работење го насочи кон зајакнување на сопствената улога како институција во рамките на правосудниот систем. Во таа насока, Денот на правосудството, овој суд одлучи да го одбележи извршувајќи ги своите работни обврски, наместо прослава или протест и со соопштение да им упати честитка на сите кои се дел од правосудниот систем.

        Со оглед дека судството во нашата држава e мета на сериозни критики и низок степен на доверба кај граѓаните, особено поради нетранспарентноста на судството и ризикот од коруптивно однесување, остануваат во сенка постигнатите резултати во полето на ефикасноста на судството. Заради надминување на лоцираните недоследности во судството, а во насока на афирмација на самостојноста, независноста и подигање на личниот и колективниот интегритет на судската власт, заложбата на овој суд е во насока на јакнење на начелото на транспарентност и превземање на активности за проценка и отстранување на можни ризици од коруптивно однесување од страна на судиите и судската администрација.

    За таа цел, Основниот суд Гевгелија донесе Годишен антикорупциски план и Процедура за начинот на постапување на заштитено внатрешно пријавување, со кои се воспоставени алатки и контролни механизми заради надминување на детектираните ризични области со особен акцент на јакнење на интегритетот на вработените и подигање на свеста за етичко однесување согласно нормите пропишани во Етичките Кодекси за судиите и судските службеници. Почитувајќи го начелото на транспарентност, овие акти се објавени на web порталот на судот се со цел да бидат достапни на јавноста. Актуелните активности, како и досега превземените активности кои дадоа резултати сублимирани во Годишниот извештај за работа, се потврда за ефикасноста и ефективноста на судот во делокругот на работењето, што претставува мотив и поттик за унапредување на перформансите во сите сегменти, со особен акцент на јакнење на личниот и професионалниот интегритет и зголемување на довербата во судството.

        Имајќи ја во предвид уставната поставеност на независната и самостојна судска власт како гарант за владеење на правото и правдата, заложбата на овој суд ќе биде во насока на подршка на концептот за финансиска независност на судството и активно учество во воспоставувањето на алатки, законски и технички механизми и нови стандарди кои се однесуваат на буџетирањето на судството. Практичното спроведување на законската, функционалната и финансиската независност на судството, ќе обезбеди и подобрување на материјалниот статус на судиите и вработените, како гарант на подигање на степенот на достоинството и јакнење на одговорноста на судијата и на судските службеници, пропорционално на статусот, улогата и животните трошоци, што е во согласност со Препораката бр.Р(94) 12 на ССЕС, имплементирана како една од стратешките определби на Здружението на судии.

       Утврдувајќи ги насоките за унапредување на судството во новите современи услови, наша стратешка цел е заложбата насочена кон развој на правната мисла и градење на професионални стандарди кои во себе ќе ги инкорпорираат највисоките меѓународни и европски стандарди.

 

                         Со почит,                                                                                                                                                                                                                                                Претседател на  Основен суд Гевгелија,                                                                                                                            Марица Аврамчева Зафирова

 

 

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_