Одбележување на Ден на правосудство - 31 март [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Одбележување на Ден на правосудство - 31 март

Известувања, Настани, Соопштенија за јавност  |  03.4.2024

Одбележување на Ден на правосудство - 31 март

 

По повод одбележувањето на Денот на правосудството  31 – март, Основниот суд Гевгелија, на ден 02.04.2024 година, организира Отворен ден за посета на граѓаните  и Јавна презентација на работењето на судот во периодот од 2021 – 2024 година, во насока на почитување и остварување на начелата на транспарентност и отчетност, како фундаментални постулати на правото на правично судење, врз кои се заснова принципот на владеење на правото и функционирањето на правната држава.

Претседателот на Основен суд Гевгелија, судија Марица Аврамчева Зафирова истакна дека начелата на транспарентност и отчетност  опфаќаат јавност и видливост на сите превемени дејствија од страна на судот, како и ефектите и резултатите од секоја преземена работа, со што се овозможува правдата да биде не само остварена, туку и видлива, со цел судството да го зајакне својот легитимитет како носител на еден од столбовите на власта. Со Јавната презентација, со сила на аргументите, се отвара можност за надминување на погрешната перцепција на јавноста кон судскиот систем. Преку начелата на транспарентност и отчетност, несомнено се имплицира определен облик на демократска контрола на работата на судот, што неизбежно вклучува и можност за заземање определен став, позитивен или негативен, за неговата работа. Поради тоа, за воспоставување на реален вредносен суд на јавноста, потребна е и нејзина промоција на аргументирани мислења, идеи и критики во насока на унапредување на перформансите во судскиот систем.

Во рамките на отворениот ден за јавноста, присуствуваа ученици од СОУ „Гоце Делчев“ од Валандово, кои меѓу другото беа запознати со просторните услови во судот, со текот на судските постапки, надлежноста на судот и други прашања од интерес на присутните, со што на еден транспарентен начин се потенцира демократската природа на судот како сервис на граѓаните.

Доследно почитувајќи ги начелата на законитост, независност, еднаквост, објективност, професионалност, интегритет, стручност, транспарентност и отчетност,  Основниот суд Гевгелија продолжува  да чекори по патот насочен кон остварување на  мисијата да се унапреди судскиот систем  во остварувањето на неговата функција  во процесот на  правораздавањето, базиран врз основа на меѓународните стандарди и норми.

 

                                                                          Претседател на Основен суд Гевгелија,

                                                                                                      Судија,  

                                                                                  Марица Аврамчева Зафирова

 

 

Јавна презентација превземи

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_