Одбележување на Европскиот ден на правдата [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Одбележување на Европскиот ден на правдата

Настани, Новости, Соопштенија за јавност  |  27.10.2023
По иницијативата на Европската комисија и на Советот на Европа, 25 Октомври - Европскиот ден на правдата се одбележува во сите држави на Европа, со цел приближување на пристапот на граѓаните до правдата, како основен предуслов за остварувањето на нивните граѓански, културни, здравствени, економски и социјални права.

Правото на бесплатната правна помош како фундаментално човеково право, обезбедува еднаков пристап до правдата за различни групи граѓани-маргинализирани групи, на кои пристапот до правдата е отежнат од разни причини. За таа цел, Основниот суд Гевгелија, Европскиот ден на правдата го одбележа со настан - работна средба на тема „Зајакнување и унапредување на пристапот на ранлива категорија лица (маргинализирани заедници) до бесплатна правна помош согласно Законот за бесплатна правна помош“,  на која учество земаа Претседателот на Основен суд  - судија Марица Аврамчева Зафирова, Претседателот на Граѓански оддел при Основен суд Гевгелија – судија Тодорка Цилковска Димова, претставник од ЈУ МЦСР Гевгелија – социјален работник Руска Митрова,  адвокат Љупка Јанчева од Гевгелија – запишана во Регистарот за адвокати за секундарна правна помош и Кабурова Фика – раководител на Министерство за правда ПО Валандово и овластено лице за одлучување по поднесено барање за бесплатна правна помош за подрачје Гевгелија, Валандово и Струмица.

 

            Претседателот на Основен суд Гевгелија, судија Марица Аврамчева Зафирова, истакна дека уставно загарантирано право е дека граѓаните во нашата држава се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување и општествената положба, со што на сите граѓани во државата им се обезбедува еднаков пристап до правдата. Имајќи го во предвид фактот дека имотната состојба на граѓаните во голема мера го ограничува остварувањето на ова право, со донесувањето на Законот за бесплатна правна помош се отвори можност за пристап до правда и на ранливата категорија лица (маргинализирани заедници), со опсег на секундарна правна помош за застапување во граѓански судски постапки, управни постапки и управни спорови, како и за остварување на права пред нотар и извршител, под услови и начин утврдени со законот. Донесувањето и имплементацијата на наведениот закон, како и другите законски решенија во други правни области за обезбедување пристап до правдата, претставува исполнување на дел од условите за пристап на нови земји членки кон ЕУ утврдени со Копенхашките критериуми и како тема е дел од Поглавјето 23 со наслов „Правосудство и фундаментални права“. Воедно, пристапот до правна помош е значаен дел и од правото за правично судење и постапка, утврдено и во чл.6 од ЕКЧП и чл.47 од Повелбата на ЕУ за основни права.

                                                                                                                                                       

            Со оглед дека правото на пристап до бесплатната правна помош е суштинско право базирано врз начелото за владеење на правото, а државата има обврска да го гарантира и обезбеди остварувањето на ова право, обврска и должност е на институциите инволвирани во системот за бесплатна правна помош, освен примената на законската регулатива, да ја следат имплементацијата, да ги утврдат недостатоците и да предложат соодветни решенија за зајакнување и унапредување на системот.

            Заради олеснување на пристапот до правда на ранлива категорија лица, се одржа оваа работна средба, на која се спроведе истражување преку собирање податоци за резултатите од дадената помош на ранливата категорија лица, меѓусебна размена на добрите практики, оцена на ефикасноста и ефективноста на правната помош од аспект на меѓународните стандарди за човекови права, преглед на најчестите правни области во кои е побарана бесплатна правна помош, искуства од поединечни случаи, потешкотии во спроведувањето на законските решенија, како и потребата од измени и дополнувања на законската регулатива.

            Преку анализа на собраните податоци, информации и содржини, во интерес на подобрување на положбата за поефикасен пристап до правдата на граѓаните - баратели на бесплатна правна помош, на работната средба се донесоа следните:

 

ЗАКЛУЧОЦИ И ПРЕПОРАКИ

 

            - зголемена мобилност и  работа на терен со маргинализираните групи кои се соочуваат со потешкотии во остварување на правата, со цел нивно информирање, едуцирање и обезбедување правна заштита и воспоставување на мобилни канцеларии за параправна помош;

            - унапредување на пристапот до информации, правно советување и заштита;

            - информирање за правото на бесплатна правна помош преку сите современи медиуми за информирање и на сите можни начини на информирање, особено во руралните и тешко пристапните локации;

            - одржување на едукативни работилници на терен, со цел остварување на едукативно влијание и информирање на поголем број луѓе,  со тематски сесии за прашања кои се во фокусот на различни групи граѓани;

            - обуки за зајакнување на вештини и знања за мониторинг и мобилизација на заедницата;

            - потреба од регистрирање на Здружение на граѓани во секоја општина за давање примарна правна помош и за параправна помош;

            - континуирани обуки и едукации на членовите на Здруженијата на граѓани за давање примарна правна помош во однос на опсегот на примарната правна помош;

            - интерпарабилност со одржување на редовни средби помеѓу давателите на примарната правна помош, Министерство за правда на РСМ, правосудни органи, ЦСР, државни органи и други надлежни институции, заради размена на искуства и унапредување на системот за бесплатна правна помош;

            - пополнување на работни места во сите ПО при Министерство за правда со лица кои ги исполнуваат потребните законски компетенции за одлучување по поднесено барање за секундарна бесплатна правна помош;

            - измени на чл.13 ст.6 од Законот за бесплатна правна помош, која е неприменлива во делот дека вештачењето се обезбедува преку Бирото за судски вештачења, со наоѓање на ново законско решение со кое ќе се обезбеди вештачење за потребите на секундарната правна помош,  како и потреба од донесување на подзаконит акт со кој ќе биде уреден начинот и условите за ангажирање и избор на вешти лица;

            - потреба од дополнување на Законот за бесплатна правна помош, да не се испитува финансиската состојба на барател на секундарна бесплатна помош, кога е                                                                                                                    

корисник на гарантирана социјална помош, кому му е утврдено правото од надлежен орган;

            - да се преиспита законската регулатива околу начинот и условите за застапување пред судови од повисока инстанца, во насока на олеснување на пристапот до правдата;

            - да се преиспита законската регулатива, согласно која, корисникот на бесплатна правна помош се задолжува со трошоци на постапката која останала без успех, од причини што исходот на постапката се до правосилното завршување е неизвесен.

            Со оглед дека правото на бесплатна правна помош има широк спектар на дејствување, кое ги опфаќа, меѓу другите и жртвите на семејното и родово базираното насилство, барателите на азил и другите ранливи категории странци, на маргините на работната средба се отвори и прашањето за потребата од отварање на Шелтер центри на подрачјето на секоја општина, потребата од стручна помош и советувалишта за помош и нега на барателите на бесплатна правна помош, кои најчесто се жртви или сведоци. Оттука, се истакнува и потребата да се продолжат активностите за зајакнување на соработката со сите засегнати страни за да се создаде координиран и сеопфатен пристап кон подршка на маргинализираните заедници и унапредување на нивни права, што вклучува и надминување на правни, административни и финансиски бариери за пристап до бесплатната правна помош.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_