АНОНИМИЗИРАНА ПРЕСУДАТА ПРЕДЛОГ СПОГОДБА ЗА ПРЕДМЕТОТ К-ПП-128/21 за З.М [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

АНОНИМИЗИРАНА ПРЕСУДАТА ПРЕДЛОГ СПОГОДБА ЗА ПРЕДМЕТОТ К-ПП-128/21 за З.М

News  |  Nov 19, 2021

                                                                                                «К-ПП-128/21»

 

ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

 

            ОСНОВНИОТ СУД Г. како првостепен кривичен суд, преку судијата на предходна постапка Ќирко Михајлоски со записничарот Ј. С.  постапувајќи  по предлог спогодбата склучена помеѓу Јавниот обвинител на ОЈО Г.м-р А. А. и обвинетиот З.М.од О., со бранител адвокат А.Н.од С., составена во ОЈО Г.КО бр....од ....2021 година, по одржаното рочиште за оцена на предлог-спогодбата во присуство на Јавниот обвинител на ОЈО Г.м-р А.А.обвинетиот З.М.од О. и бранителот адвокат А.Н.на ден 10.11.2021 година ја донесе и ја објави следната:

 

П Р Е С У Д А

Врз основа на предлог-спогодба

 

ОБВИНЕТИОТ.

 

            З.М.од татко Н.мајка С. роден 05.01.1980 година во О. каде и живее на ул. , имател на л.к. со ЕМБГ..., досега осудуван, друга постапка против него не се води, македонец, женет-разведен, татко на 5 деца од кои едно полнолетно и 4 малолетни, писмен со завршено високо образование, средно имотен, државјанин на РСМ.

 

                                    В  И  Н О  В  Е Н   Е

 

            ЗАТОА ШТО:

На ден ....2021 година околу 15,25 часот на магистралниот пат А2 К.-Г.на 120 м.после Новоселските гробишта гледано кон Г.како учесник во сообраќајот на јавните патишта не се придржувал кон прописите на сообраќајот и со тоа го загрозил јавниот сообраќај така што ги довел во опасност животот и телото на луѓето на начин што движејќи се со п.м.в. марка М. со рег. бр.КИ ...-АЦ сопственост на П.Р.и кога пристигнал на критичното место не ја прилагодил брзината на движење според условите и состојбата на патот спротивно на чл.33 од ЗБСП а согласно чл. 56 од ЗПСП на коловоз на кој сообраќајот се одвива во две насоки возачот несмее со возило да пристигнува каде се наменети исклучиво за движење на возила во правец на движењето на неговото возило и спротивно начл. 54 од ЗПСП кога пристигнал на погоре наведеното место и време истиот започнал пристигнување на возило испред него пмв. БМВ со регистарски таблици ТЕ ...-АГ на видно обележана полна надолжна линија и се движел по средна сообраќајна лента која е наменета за движење на возила кон К. на која сообраќајна лента во истиот момент во правецот кон К. се движел пмв ,, С.Ј.,, со рег.бр.ГВ ...-АЕ сопственост на Р.Т., а управувано од Л.Б.од с. Д. Б., така што со пристигнувањето му го попречил правецот на движење и со предниот десен дел од пмв ,,М.,, удрил во предниот десен дел од п.м.в.,, С.Ј.,, а додека п.м.в. ,,С.Ј.,, по ударот со п.м.в. ,,М.,, со левиот страничен дел удрил во преден лев бочен дел од п.м.в. сопственост на С.Н.а управувано од Е.Н.од с. Р.така што го довел во опасност неговиот како и животот и телото на другите учесници во сообраќајот а на само лице место од повредите им подлегнал сопатникот на п.м.в.,,С.Ј.,, Е.С.од Г., а обвинетиот З.М., оштетните М.М.и П.Ж.двајцата од Р.С., се задобиле со тешки телесни повреди, Л.Б.од с. Д. Б., К.М.од Г.се здобиле со тешки телесни повреди, а оштетените Е.Н.од с.Р.и Р.Р.од с.П.се здобиле со телесни повреди.

 

            Со горните дејствија обвинетиот З.М.од О. сторил кривично дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл. 300 ст.4 в.в. со ст.3, в.в. со чл. 297 ст.3,в.в. со чл.1 од КЗ на РСМ , па согласно цитираните членови како и членовите 4,7,11,32,33,34,35,39,40, 41 од КЗ судот обвинетиот го

 

ОСУДУВА

 

На казна затвор во траење од 6 (шест) месеци

 

            Времето кое обвинетиот го поминал во притвор му се засметува во изречената казна затвор.

 

            СЕ ЗАДОЛЖУВА обвинетиот  на судот да плати  вкупен износ од 73.680,00 денари на име трошоци на кривичната постапка, како и судски паушал во износ од 5.000,00 денари  во рок од 30 дена по приемот на пресудата.

 

            Оштетените М.М., П.Ж.и двајцата од Р.С., Л.Б.од с.Д. Б., К.М.од Г., Е.Н.од с. Р.-Б., Р.Р.од с. П.-Т.и Е.С.сопруга на сега пок. Е.С.за остварување на имотно правното барање се упатуваат во спор.

О б р а з л о ж е н и е

 

            Јавниот обвинител на ОЈО Г.м-р А.А.и обвинетиот З.М.од О. со бранителот А.Н.од С. на ден ....2021 година до Основниот суд Г.поднесоа предлог-спогодба КО бр....од ....2021 година за донесување пресуда без да биде поднесено обвинение. Кон предлог спогодбата Јавниот обвинител на судот му ги достави следните докази:

 

            Кривична пријава бр....од ....2021 година на МВР ПС Г., записник за извршен увид на место на сообраќајната незгода бр....од ....2021 година, скица од лице место од ....2021 година, два записника за извршено испитување на алкохолисаност кај возач со апарат Дрегер од ....2021 година, потврда за привремено одземени предмети бр. ...од ....2021 година, три записници за технички преглед од ....2021 година, седум телеграми бр...., одговор на телеграма бр....од ....2021 гоидна со извештај од анализа АМ-..., извештаи од анализи АМ-..., АМ-..., АМ-..., АМ-... и АМ-.., фотодокументација бр. ... со скица и фотодокументација бр... сенкциони протокол С.П.бр.... од ....2021 година изготвен од обдуцент д-р В.Д.- специјалист по судска медицина и криминалистика врабоатен во ЈЗУ Општа болница ,, д-р Ф.М.,, - Служба за судска медицина и криминалистика, извештај од анализа ВЕХ-..., сообраќајно техничко вештачење изготвено од вешто лице м-р Т. А.- вештак во областа на сообраќајот со лиценца бр...., изјави од оштетнеите П.Ж., М.М.и Елмедина Селими.

 

            Во спогодбата е наведено дека обвинетиот е согласен да ги плати трошоците на кривичната постапка.

 

            Предлог-спогодбата содржи изјава на обвинетиот дека доброволно ја прифаќа предлог-спогодбата и последиците што произлегуваат од неа, како и изјава на обвинетиот и Јавниот обвинител дека се одкажуваат од правото на жалба доколку судот донесе пресуда со која ја прифаќа предлог спогодбата.

 

            Кон предлог спогодбата од страна на Јавниот обвинител се доставени и писмени изјави на оштетените Е.С.сопруга на сега пок. Е.С.која по однос на кривичниот прогон изјавуа дека му остава на ОЈО Г.да одлучи, а оштетените П.Ж.и М.М.кои по однос на кривичниот прогон не се приклучуваат кон кривичното гонење, додека пак оштетениот Л. Б. се приклучува кон кривичното гонење.

 

            Од увидот во истата, судијата на предходна постапка утврди дека предлог-спогодбата е составена во ОЈО Г.на ден ....2021 година, во присуство на Јавниот обвинител мр- А.А. од ОЈО Г., обивнетиот З.М.од О. и неговиот бранител адвокат А.Н.од С. и дека истите своерачно ја имаат подпишано.

 

 

            Постапувајќи по поднесената предлог-спогодба судот на ден ....2021 година закажа и одржа рочиште за оцена на предлог спогодбата на која беа присутни Јавниот обвинител, обвинетиот и неговиот бранител согласно чл. 488 од ЗКП.

 

            На одржаното рочиште одкако судот ги испита обвинетиот и неговиот бранител, утврди дека предлог-спогодбата е доброволно поднесена  и дека обвиентиот е свесен за правните последици од нејзиното прифаќање и за последиците во врска со трошоците на кривичната постапка. Судот на рочиштето за оценка ги поучи ЈО на ОЈО Г., обивнетиот и неговиот бранител дека несмеат да поднесат барање за утврдување на кривичната санкција различна од кривичната санкција содржана во предлог спогодбата бидејќи со тоа би се сметало дека се одкажале од предлог-спогодбата, а ги поучи и тоа дека истите имаат право до донесувањето на пресудата да се одкажат од предлог-спогодбата. Судот ги поучи присутните и во смисла на чл.488 ст.5 од ЗКП, дека со прифаќањето на предлог спогодбата ќе се смета дека Јавниот обвинител, обвинетиот и неговиот бранител се откажале од правото на жалба на донесената пресуда врз основа на предлог спогодбата.

 

            Судот одкако изврши увид во доставените докази, утврди дека истите го оправдуваат изрекувањето на предложената кривична санкција како по однос на видот така и по однос на висината на истата, поради што одлучи да ја прифати предлог спогодбата и да донесе пресуда со која обвинетиот З.М.го огласи за виновен за кривичното дело  Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл. 300 ст.4 в.в. со ст.3,в.в. со чл. 297 ст.3 , в.в. со ст.1 од КЗ и го осуди на казна затвор во траење од 6 (шест) месеци.

 

            На записник од 10.11.2021 година обвинетиот З.М.потврди дека е запознаен дека во текот на постапката се создадени трошоци и е согласен истите да ги надомести.

 

            Во смисла на погоре наведеното и во смисла на предлог-спогодбата согласно чл.105 од ЗКП обвинетиот се задолжува да плати износ од 73.680,00 денари  на име трошоци на кривичната постапка во рок од 30 дена по приемот на пресудата од кои износ од 66.680,00 денари на име изготвен лабараториски наод и износ од 7.000,00 денари на име изготвено сообраќајно техничко вештачење и износ од 5.000,00 денари согласно чл. 102 ст.3 од ЗКП.

 

            Одлуката за имотно правното барање- надомест на штета е донесена согласно чл.114 ст.1 и 2 од ЗКП.

 

ОСНОВЕН СУД Г.К-ПП бр.128/21 од 10.11.2021 година.

 

                                                       СУДИЈА НА ПРЕДХОДНА ПОСТАПКА

                                                                        ЌИРКО МИХАЈЛОСКИ

 

 

НАПОМЕНА: Оваа пресуда станува правосилна со денот на нејзиното донесување со оглед да странките се  откажаа од правото на жалба.

 

 

 

 

   


Decision search

Court
Case number
Date
_